29 Април, 2024
0.0251

Ноќно фотографирање со телефон – неколку совети од професионален фотограф!

Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Го прашавме меѓународниот амбасадор на Leica, Кристијан Доулинг да ги сподели своите совети за ноќно фотографирање врз основа на неговото искуство со P30 Pro.

Според него, две од најважните атрибути на повеќето фотографи се потребата да се изолираат субјектите од позадина и да се слика добро при слаба осветленост. Фотографирањето при слаба осветленост се потпира само на способностите на фотоапаратот, како и на самите фотографи. Снимањето во режимот на професионална работа на P30 Pro нуди многу можности при слаба осветленост, бидејќи ви овозможува да изберете високи ISO и брзини на објективот за снимање при слаба осветленост.

Избегнување на мали брзини при слаба осветленост е приоритет ако снимате без статив. Ова осигурува стабилен кадар, но исто така гарантира дека ќе го „замрзнете“ секое дејство кое може да се случи.

Во моменти кога е екстремно темно и немате статив, или ако снимате со неонски или обични светла, треба да снимате во детали, a новиот Ноќен режим со HDR способност е вистински избор. Ноќниот режим дава серија на слики за задоволителен временски период со користење на долга експозиција и ги составува автоматски.

Во минатото ви требало статив за ова, но се додека го одржувате уредот "релативно" стабилен, сликата ќе излезе со детали што не би можеле да ги видите ни со свои очи - навистина е неверојатно и нешто што не е достапно дури на професионални камери - додава Кристијан Доулинг.

Мобилната фотографија ви помага да ја пронајдете убавината ...

Huawei отсекогаш се залагал за извонредна фотографија достапна за секого во секое време. Затоа, брендот, со цел да им понуди на потрошувачите најквалитетни леќи и да ги помести границите на фотографијата со паметни телефони, ја воспостави долгорочната соработка со легендарниот производител на фотоапарати  - Leica. Со своите серии P и Huawei P30 Pro, брендот одговара на потребите на ентузијастите на мобилната фотографија, кои ги бркаат и доловуваат секојдневните неверојатни моменти.

Дали ја сакаш фотографијата? Учествувајте во Huawei InFocus Award - натпревар за мобилна фотографија и следете ги вашите соништа!

Дали некогаш сте доловиле уникатен момент и сте посакувале да проверите што мислат професионални фотографи за вашата слика? Наградната игра на Huawei InFocus е одлична можност да ги тестирате вашите вештини за фотографирање и да го покажете вашиот талент на светот! Освен континуираниот развој на своите уреди и потрагата по врвно доживување на фотографирањето, Huawei им оддава признание на љубителите на правењето фотографии и надежните таленти.

Натпреварот се состои од 6 категории, вклучувајќи 5 поврзани со фотографија и 1 категорија посветена на видео формат:

o  Emotion Tag - Изразување на инстант емоции со помош на фотографија.

o  Hello, Life! - Споделување на емоции или инспирација во секојдневните искуства.

o  Faces – Експериментирање со идентитетот и моќта на портретот.

o  Going the Distance  - Откривање нови места и нови искуства со користење на нови функции на паметни телефони, на пример, теле-објектив, супер широк агол или макро-фотографирање

o  Storyboard – Раскажување приказна во 9 рамки - колаж на фотографии што создаваат значаен или интригативен наратив

o  Life Now  - снимање приказни за помалку од 30 секунди

Што добиваат победниците?

За победникот на Grand Prix наградата  - Huawei MateBook 13, Watch GT и 10.000 евра, код за е-ваучер за патување за Trip Advisor вреден 250 долари, како и објавувањето на фотографијата  во времетраење од една недела како слика на почетната страница на следниве домени за TripAdvisor: Шведска, Полска , Данска, Австрија, Норвешка, Финска, Чешка, Грција, Унгарија, Израел, Србија, Словачка и Турција.

o За добитниците на првата награда во секоја категорија - Huawei MateBook 13, Watch GT, Huawei P30 Pro и 2.000 евра, код за е-ваучер од 250 долари за Trip Advisor

o За добитниците на 2. награда во секоја категорија - Huawei P30 Pro

o За добитниците на третата награда во секоја категорија - Huawei P30

o Добитник на наградата од публиката ќе добие Huawei P30 Pro и Watch GT

Сите детали за наградниот натпревар можете да ги најдете на следниот линк : https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/mk/


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг