19 Мај, 2024
0.1938

Невремето „удри“ и во Словенија и Хрватска

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Силно невреме имаше во повеќе балкански држави. 

Невреме ги зафати во Словенија и Хрватска.

Обилни врнежи и град, вчера ја погодија Словенија, а најпогодени беа областите Шатејрска и Помурска, каде што 12.000 домаќинства останаа без струја. 

Во Птуј ветерот достигна брзина од преку 100 километри на час.

Словенечката агенција СТА јави дека во тој дел од земјата дувал ветер со брзина од 70 километри на час.

Словенечката министерка за земјоделство Александра Пивец денеска вети помош за општините кои претрпеа големи штети.

Пивец изјави дека од невремето се погодени 60 општини.

Во најпогодените краеви околу Птуј се проценува дека на посевите е нанесена штета од 40 до 100 отсто, особено на пченката, хмељот, компирот, овошјето, зеленчукот и анасонот.

Во повеќе делови на земјата кои беа погодени од обилните дождови и од град дојде до одрони на земјиштето и помали поплави, а многу покриви на куќи и автомобили се оштетени.

Во Хрватска, најпогодено е подрачјето на Вуковарско-сремската жупанија каде паѓал град со големина на орев, а некаде и со големина на јајце. Имало и откорнати дрвја, како и урнат покрив на едно основно училиште.

Две жени се полесно повредени од удар на гром, а еден маж паднал од покрив.

За краток временски период паднале 20 литри дожд, а забележан е најсилен удар на ветрот со брзина од 75 километри на час.

Пожарникарите имале околу 20 интервенции за отстранување гранки на патиштата во Пула, Пореч и Новиград.

Во БиХ во невремето загина маж, а во Србија дете почина од удар на гром. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс