Добивај вести на Viber
Мерките кои биле спроведени во Словенија , веднаш по избивањето на кризата, а со цел да помогнат на пазарот на труд и задржување на работните места на граѓаните, дале само моментални резултати. И покрај напорите за стабилизирање на работните места, бројот на невработените во последните четири години продолжува да се зголемува, соопшти Ревизорскиот суд во Љубљана.
Во соопштението се наведува дека мерките кои во почетокот на 2008 година ги покренаа Министерството за труд и Заводот за вработување креирани се со намера на кус рок да вродат со резултати. За сметка на тоа, нивните долгорочни цели беа скромни, што резултирало со зголемување на невработеноста во Словенија.