28 Април, 2024
0.0289

НЕОДОЛИВА УБАВИНА, МАКЕДОНСКА: КАТАРИНА СИНАДИНОВСКА

Објавено во: Стил 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Дека убавината е апсолутна - тоа е факт, без оглед на преовладувачкото мислење за нејзиниот релативитет. Како било, македонската, женска убавина не може да се оспори, како што не може да ѝ се одолее.

Кога е сентенцијата на старогрчкиот филозоф Хераклит, именуван „татко на дијалектиката“ - панта реи (сѐ тече, сѐ се менува; се употребува со значење: сѐ е минливо) во прашање, и ден-денес се води бурна расправа за мимолетноста на убавината. Мнозинството е согласно со толкувањето дека таа е постојана, неминлива, вековечна.., нешто што не може да се допре, да ѝ се даде карактеристика, да се оцени, но секогаш може да се почувствува нејзиното присуство. Не случајно сите се стремиме да ѝ се доближиме. Класичната убавина е толку неодолива што привлекува како магнет. И природноста, однесувањето, интелигенцијата. Секако, посебно место има и душата која се поистоветува со неа, што доаѓа од внатре. Познатата жена психијатар, американизираната Швајцарка Елизабет Киблер-Рос ги спореди луѓето со витражите, а пропо убавината. Кога сонцето сјае, таа се рефлектира и свети заедно со нив, а во темнината се открива само правата, вистинската - онаа која зрачи однатре (духот, душата). Во суштина, превосходноста е резултат на испреплетеноста на обете, видливата и другата, што не може да се види со голо око, само да се осети, сознае.

Нема дилема, убавината е една од битните карактеристики на Македонките - природна, во смисла на вродена (генетска, наследна). Синтагматската врска со Катарина Синадиновска е очигледна, без сомневање. Исто како што е забележлива и нејзината добрина во комуникацијата, пријателското расположение и се разбира, скромноста или невообразеноста. Живее во хармонична семејна заедница со партнерот и двете деца. Обожава да готви, да чита поезија. Не сака реални шоуа, инсекти. Годинава ѝ е јубилејна, слави 15-годишна професионална кариера во политичкото новинарство. Инаку, со журналистика се занимава уште како дете, на 8 години почнала да води емисии (детски) на Радио Тетово и Радио Скопје, така што никогаш не била во недоумица за професијата, новинарската определба.

Одговорите на прашањата за убавината и машко-женските односи, за кои неретко се кршат и копја, се подолу - во продолжението на симултаното интервју. Нејзините размислувања на горенаведените теми сигурно ќе ги поттикнат и вашите.

СИМУЛТАНКА

* Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?

- Не верувам во концептот на машка или на женска убавина. Човекот може да биде убав едноставно и само како човек, не како маж или како жена. Убавината не трпи никакви калапи. 

Исто е и со грдотијата, за жал.

* А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?

- Во контекст на претходниот одговор, човекот и светот тешко одолеваат на убавината. Таа е неодолива.

А, што е тоа што е убаво кај човекот - е, тоа веќе е во срцето на оној кој гледа и дефинира. И, како што растеме и созреваме, така расте и таа дефиниција и се распространува на предели далеку над она што сите го гледаат и е на очиглед, далеку над површноста. Убавината си го открива целото свое лице само кога е соочена со вистинскиот предизвик на суштината.

* Дека таинственоста е својствена за вас жените - тоа е факт, а ние мажите доста често се прашуваме што сакате всушност. Па, ќе ни олесните ли - кои работи (се разбира, во смисла на квалитети) ги барате во мажите, одосно кај нив? Можеби самодоверба, заштитнички однос..?

- Човек треба да се види себеси во другиот, а тој одраз да е вистински и кога се работи за емотивната и кога е пријателската релација во прашање. Целото интервју на Катарина Синадиновска прочитајте го на Машки магазин.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти