22 Мај, 2024
0.0263

Нефункционални се 9,7 % од кредитите!

Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

  Среде криза, банките покажаа пораст на добивката. Според анализата на Народната Банка банките прикажале зголемување на добивката од цели 70,8% во вториот кавартал од годинава во однос на истиот период лани. На што се должи овој раст? НБМ, но и банкарите што ги праша Фактор, посочуваат три клучни причини : 1. Зголемување на износот на ослободената исправка на вредноста. Ова, како што објаснуваат банкарите, значи дека во вториот квартал од годинава се подобрила наплатата на ризичните пласмани, односно се повеќе граѓани и компании од лоша преминале во подобра кредитна категорија, по што банките извршиле ослободување на резервациите, односно на парите што банките ги чуваат врзани во НБМ како гаранција за ризичните пласмани. 2. Повисок каматен приход. Банкарите објаснуваат дека во вториот квартал е зголемена наплатата на тековните камати за кредитите со кои располагаат граѓаните и компаниите. 3. Подобрување на оперативната ефикасност на банките. Оваа причина за пораст на банкарските добивки се објаснува со зголемената активност на банките, услугите и трансакциите на ниво на целиот банкарски ситем . Банкарите потврдуваат дека вториот квартал од годинава може да се смета за поуспешен од минатогодишниот, но остануваат на ставот дека ризиците сеуште ги ограничуваат банкарските пласмани . “Банките и натаму ги зајакнуваат кредитните критериуми. Поради ризиците и кризата и натаму се финансираат исклучиво првокласни клиенти и издржани бизнис- прокети. По отворањето на Кредитното Биро , кое води евиденција за задолженоста на клиентите, ретко која банка би се осудила да даде кредит на клиент од Б или В категорија “ коментираат банкари за Фактор. Народната Банка објави уште еден показател што треба да навести оптимизам – во вториот кавртал од годинава е регистриран пораст на кредитите кон приватниот сектор, но само симболично поместување кое не ја промени концентрацијата на ликвидност во банките. Тие и натаму располагаат со висока ликвидност, што значи дека поради ризиците, сеуште се воздржуваат од процес на поагресивно кредитирање . “Точно е дека во вториот квартал имаше зголемување на кредитните пласмани кон приватниот сектор , но во последниот период се забележува и пораст на депозитите на компаниите “ – велат од НЛБ Тутунска Банка . Според последните расположливи податоци, нефункционалите кредити во вториот квартал изнесуваат 9,7% и во однос на првиот се забележува незначително намалување. Нефункционални кредити
2012    II квaр. 9,7%
2012    I квар. 9,9%
2011 9,9%
Последните податоци на НБМ укажуваат дека вкупната кредитна активност на ниво на банкарскиот сектор е пониска од проектираната, а поради неизвесноста од должничката криза и “нишањето“ на стабилноста на Еврото , за прв пат по 2007 година, на крајот на вториот квартал од 2012та, депозитите во денари ги надминаа депозитите во девизи, зафаќајќи 50,7% од вкупната депозитна база. Според последните расположиви податоци вкупните депозити во банките достигнаа 3,8 милијарди евра додека вкупните кредити 3,5 милијарди евра. Дали банките ќе ја олабават каматната политика, дали ќе растат или ќе се зголемуваат ризичните пласмани , ќе го зголемат ли фирмите и граѓаните штедењето – сето ова зависи од трендовите во евро-зоната , која според НБМ сеуште е во зоната на ризик , со продолжена неизвесност и неповолни тенденции кај економската активност.

Можеби ќе ве интересира

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СЀ ПОВЕЌЕ БАРАНА - платени 130 илјади евра во блок со 454 акции

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СЀ ПОВЕЌЕ БАРАНА - платени 130 илјади евра во блок со 454 акции

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb