НЕ СЕ ШТЕДИ НА ОВИЕ РАБОТНИЦИ: Им се нуди бесплатно сместување, 13-та и 14-та плата, и им останува чиста заработка од 1700 евра-Но има еден услов
Објавено во: Економија 21 Април, 2024
Иако звучи невозможно, постои работа која нуди 13-та и 14-та плата, на кои сигурно не би помислиле. Станува збор за работа во перална во Австрија, чии вработени имаат нето плата од околу 1.700 евра.
Бидејќи оваа работа нуди две дополнителни плати годишно и имаат можност бесплатно да престојуваат во сместување, работниците остануваат со значителен нето приход.
- Потребен е еден работник во перална. Бруто саатницата е 13,09 евра, има и бесплатно сместување, а околу 1.700 евра е нето платата. Потребно е државјанство на ЕУ или работна дозвола за Австрија, познавање на германски јазик на ниво А2 и сопствен автомобил. Обезбедени се 13-ти и 14-ти платни листови, а организирана е и заштитна облека и обувки - стои во оглас на веб-страница.