28 Април, 2024
0.1896

НБ: НЕМА ПРОМЕНИ ВО ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА - забавувањето на економскиот раст посилно од очекуваното

Објавено во: Финансии 13 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Каматанта стапка на благајничките записи останува на истото ниво, поточно 6,30 отсто, додека каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 отсто. 

Ова го соопшти Народна банка, по одржувањето на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на која се разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

- На седницата на Комитетот беше оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари - соопштуваат од НБРСМ.

Од таму потсетуваат дека на крајот на февруари беше донесена одлука за промени во поставеноста и начинот на одржување на задолжителната резерва. Имено, одлуката опфаќа сет од сеопфатни мерки, коишто ќе се применуваат во фази, но во најголем дел од јуни 2024 година и се главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. 

- Се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со промените направени досега кај задолжителната резерва и со преземените макропрудентни мерки, ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс.

Во услови на поволен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа, а имајќи ги предвид ризиците. Имено, домашната инфлација забавува и во февруари 2024 година се сведе на 3% на годишно ниво, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории, во согласност и со преземените монетарни мерки - посочуваат од НБ. 

Истакнуваат дека сигналите од анкетите за инфлациските очекувања на потрошувачите исто така се поволни, односно во февруари веќе преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Стапката на инфлација во февруари е блиску до онаа во еврозоната. 

- Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, а воедно и прогнозите за следниот период се надолно ревидирани. Остварувањата кај инфлација од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Имено, сѐ уште отсуствува поизразен пренос на берзанските движења врз домашните цени кај храната, а постои и неизвесност поради актуелните воени конфликти, како и поради престанокот на привремените мерки за дел од домашните прехранбени производи. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во март повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво - појаснуваат од Народна банка.

Од оваа институција исто така се осврнаа и на состојбата на девизниот пазар, за која посочија дека е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на февруари изнесува 4.348,1 милион евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар се поволни, при умерено намалена нето-побарувачка од корпоративниот сектор и натамошен висок прилив на девизи на менувачкиот пазар, велат од НБ. 

Од таму додаваат дека расположливите податоци од надворешниот сектор за првиот квартал од годината сѐ уште се ограничени и недоволни за попрецизна оцена. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања во четвртиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекуваниот во согласност со октомвриската проекција, при истовремено пониски остварени нето финансиски приливи.

- Остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година, како и за целата година, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното. Имено, реалниот раст на домашната економија во 2023 година изнесува 1 отсто, при раст на БДП во четвртиот квартал од годината од 0,9 проценти на годишна основа. Анализирано по компоненти, растот во последниот квартал произлегува од нето-извозот, надополнет со натамошниот солиден раст и од личната потрошувачка, а умерен придонес има и јавната потрошувачка. Бруто-инвестициите и натаму бележат висок реален пад, под влијание на падот на залихите поради високата споредбена основа од минатата година, што е поврзано со зголемените залихи на суровини и енергенти - истакнуваат од НБ.

Од таму дополнуваат дека високофреквентните податоци за првиот квартал од 2024 година со кои се располага во моментов се ограничени. Засега, податоците за јануари покажуваат солиден раст на индустриското производство, додека прометот во вкупната трговија бележи реален пад. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварување на домашните инфраструктурни проекти.

- Во монетарниот сектор, според првичните податоци за февруари 2024 година, депозититe и натаму растат, малку посилно од очекувањата, но забрзува и кредитната активност на банките, со годишен раст којшто засега е над проекциите за крајот на првиот квартал.

Сѐ на сѐ, амбиентот за водење на монетарната политика е умерено поповолен од очекувањата, сепак налага натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и инфлациските очекувања и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд - пишува во соопштението на НБ.

Од Народната банка велат дека и натаму се подготвени да ги употребат сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување