27 Април, 2024
0.0265

НАРОДНА БАНКА ПОТТИКНУВА ДОЛГОРОЧНО ШТЕДЕЊЕ - се ослободуваат банките од задолжителна резерва за денарските депозити, еве ги деталите

Објавено во: Финансии 29 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка, на вчерашната редовна седница, ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, која, како што посочуваат, предвидува сет мерки насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. 

Според претставниците на НБРСМ мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста во еврозоната.

- Во согласност со Одлуката, сите обврски на банките во домашна валута со рочност над две години, како и денарските депозити на населението орочени над една година се ослободени од обврската за исполнување на задолжителната резерва, односно на нив ќе се применува стапка на задолжителна резерва од 0 отсто. За обврските со рочност над две години во странска валута, банките ќе имаат обврска да издвојуваат задолжителна резерва по стапка од 5 проценти - се нагласува во соопштението.

Од оваа институција додаваат дека новите мерки предвидуваат и постепено нормализирање на стапката на задолжителна резерва за краткорочните денарски обврски на преткризното ниво од 2022 година. 

- Така, во првата фаза од јуни 2024 година, оваа стапка, од тековните 5 отсто ќе се зголеми на 6,5 проценти и дополнително на 8 отсто во втората фаза, почнувајќи од јули 2024 година. За сите краткорочни обврски во странска валута и натаму важи стапката од 21 процент.

Се очекува дека овие промени ќе придонесат за приспособување на каматните политики на банките заради зголемување на понудата на попривлечни долгорочни денарски инструменти за штедење на клиентите. Со тоа, дополнително ќе се зајакнат тековните поволни поместувања во депозитната база на банките, коишто водат кон зголемување на структурното учество на штедењето во денари и на подолг рок - се појаснува во соопштението. 

Додаваат дека со новата одлука банките ќе имаат можност и за повисока флексибилност при управувањето со девизната ликвидност, со оглед на зголемувањето на делот од задолжителната резерва во евра, којшто банките го исполнуваат на просечна основа, од 10 отсто на 15 проценти. Покрај тоа, со измените се предвидува еднаков третман на обврските со девизна клаузула така што стапката од 100 отсто ќе се применува за сите обврски независно од рочноста и клиентите на банките и штедилниците. Со цел да се постави единствена рамка и примена на исти услови за сите институции коишто прибираат депозити и придонесуваат во трансмисијата на монетарните сигнали преку кредитната активност, со Одлуката се изедначуваат и стапките на задолжителна резерва за банките и штедилниците.

Најголемиот дел од мерките ќе се применуваат од периодот на задолжителна резерва којшто започнува во јуни. 

Задолжителната резерва е инструмент на монетарната политика на Народната банка којшто ги обврзува банките и штедилниците да издвојуваат средства на сметките кај централната банка, во согласност со обврските коишто ги имаат преземено. Преку задолжителната резерва се управува со ликвидноста и краткорочните каматни стапки на пазарите на пари. Од 2009 година, Народната банка посилно се потпира на системот на задолжителната резерва за поттикнување на денаризацијата.

Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот