18 Мај, 2024
0.2113

Наместо повеќе бензин, ТНГ и биогориво, Македонија се сврте кон мазутот

Објавено во: Економија 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија во 2019 потрошила дури 12.000 тони повеќе од штетниот и нееколошки мазут како нафтен дериват. Продажбата во земјата изнесува повеќе од 72.000 тони минатата година, што значи голема разлика во однос на претходните.

Мазутот е продукт кој се добива со дестилација на нафтата и важи за голем загадувач воздухот и животната средина. Фосилното гориво го согоруваат индустриските капацитети и термоцентралите како најголеми потрошувачи, но и јавните установи како болниците, училиштата, касарните и градинките.

Државата веќе се декларираше дека токму постепеното исфрлање на употребата на мазутот е приоритет во борбата против загадувањето на воздухот, но е и економски бенефит. Поради енормното загадување на воздухот Владата препорача институциите да се откажуваат од користење на мазутот.

Сепак бројките што ги објави Регулаторна комисија за енергетика го покажуваат спротивното. Ако во 2018 и 2019 се продавале во Македонија нешто повеќе од 60.000 тони мазут, минатата година потрошувачката изнесувала 72.240. 

Покрај тоа ова гориво често знае да подлежи и на сомнителен квалитет истовремено кога Европската енергетска заедница притиска Македонија да се доближува до стандардите на ЕУ: Се бележи тенденција земјата да го зголемува трошењето на нееколошките горива, додека стагнира купувањето на нафтените деривати кои се поприфатливи за животната средина.

Црвената нафта се купува поевтино на црниот пазар и со неа се полнат резервоарите на постари дизел автомобили и земјоделски машини, веќе констатираше Министерството за економија. Иако потребите за екстра лесно гориво за централно греење се од 8 од 10 илјади тони годишно, тие и минатата година се троеле преку 40 илјади тони. Околу 45,5 илјади тони се потрошиле и во 2018 и во 2019.

Дизелот, кој исто така е нееколошки, бил продаван за дури 70.000 тони повеќе. Ако во 2017 и 2018 биле купени нешто повеќе од 570 илјади тони, лани количината изнесувала дури 642.742 тони. Од друга страна - бензините, течниот нафтен гас и биогоривото остануваат со исти бројки во три последователни години.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа