02 Мај, 2024
0.0387

На Заев му недостигаат уште 50 евра од ветената просечна плата, но имаше и пократок мандат

Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. 

А пред да дојде на власт, оваа политичка гарнитура ветуваше дека во земјава на крајот на нејзиниот мандат просечната нето плата ќе достигне 500 евра, или 30.000 денари. 

Тоа значи дека ветувањето не се исполни за 3.164, или речиси за точно 50 евра.

Од СДСМ за Фактор како објаснување го даваат фактот што тие немаа цел мандат од четири години, туку досега тие реално се на власт нецели три години, или конкретно 2,8 месеци.

Од таму нагласуваат дека за три години колку што се на власт, просечната плата се зголеми за над 4.000 денари, што е рамно на 68 евра.

Ќе биде интересно да се види каква ќе биде понудата на СДСМ за просечната плата за наредниот мандат доколку ја добие довербата од граѓаните.

Инаку, според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 4,1 отсто, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање за 12,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 12 отсто и градежништво  за 11,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности за 9,3 отсто, информации и комуникации за 8,4 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна  за 6,8 отсто. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 39 932 денари.

Притоа, на програмерите платата за само еден месец им пораснала за 4.469 илјади денари. Односно, во декември годинава тие земале плата од 96.332 денари, што е многу повеќе од 91.863 денари, колку што во ноември годинава земале во дејноста комјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Комјутерџиите се убедливо со највисока плата во земјава. 

Огромни плати од 70.162 денари земаат и во воздухопловниот транспорт, односно контролорите на летање. Плата од 69.911 денари земаат во просек вработените во дејноста производство на основни фармацевстки производи. 

Во финансиски и услужни дејности земаат по 65.885 денари, а во телекомуникацисискиот бизнис просечната плата е 62.066 денари. 

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција