На 28 години заработила милиони и се пензионирала
Објавено во: Финансии 08 Август, 2017
Девојка од Њујорк пред помалку од година дена го освои светот кога со вложување освои милиони и се пензионираше.
Во 2009 година дипломирала на Харвард по што добила работа во инвестициска компанија.
Таму стекнала знаење и искуства со помош на кои заработила големо богатство за само неколку години, пишува Форбс.
По посета на будистички храм во Тајван решила да го промени начинот на живот, односно да штеди, така што подоцна ќе може да вложи и да се збогати.
Неколку години била финансиски стручњак, а воедно и штедела.
Со акумулираните пари успеала да дојде до голема добивка.
Првиот милион го заработила на свои 26 години.
Таа година си повратила 13% од вложените пари.
Девојката сега на 28 години е милионерка и пензионерка.