02 Мај, 2024
0.0262

На 12ти мај низ улиците на Скопје ќе се одржи традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10 километри

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На 12 мај низ улиците на Скопје ќе се одржи седмото издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10 километри која секоја година привлекува голем број љубители на трчањето, професионалци и рекреативци. Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи, а под покровителство на Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје.Насловен спонзор на ХалкЕко Скопје трчa 10 километри е Халкбанк АД Скопје која е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.

Пријавувањето за учество во трката ќе трае до 30 април, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување секој учесник треба да го одбере своето таргет време за кое планира да ја заврши трката бидејќи сите учесници ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето. 

Почетна и завршна точка на трката ќе биде фонтанта Лотус во Градскиот парк, а ќе се трча по булеварите Илинден и Партизанска.

Трката ХалкЕко Скопје Трча 10КМ е уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк АД Скопје која која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа ХалкЕко. Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од Банката, а таа самата е организатор на традиционалната хронометар велосипедската трка ХалкЕко ВелоГрин која на 8 септември се одржува во Маврово.

Платформата ХалкЕко на Халкбанк е развиена од истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, придонесувајќи со тоа за намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и истовремено и за садење нови дрвја. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции, но истовремено обезбедува и дрвја кои Халкбанк презема обврска да ги засади со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.Банката досега има организирано повеќе акции за зазеленување и пошумување и има донирано над 48.000 садници во земјава.

Халкбанк и ги повикува сите љубители на спортот и трчањето да побрзаат и да се пријаватна за учесто во овој убав спортски настан најдоцна до 30 април и да бидат дел од ХалкЕко Скопје Трча 10КМ.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година