Добивај вести на Viber
Oткази без предупредување, сменет модел за користење годишни одмори, пофлексибилно работно време за кое ќе се добива слободен ден, а не надоместок, и поголеми паузи кои ќе се одработуваат по работното време ,се предлози за измена на Законот за работни односи. Ова барање за законските измени е изготвено од Организацијата на работодавци на Македонија и веќе се разгледувало во Економско-социјалниот совет, пишува весникот Вест. Според работодавците новите измени само ќе ги пополнат досегашните пропусти во законот, но и дека нема да се скратат правата на работниците.