02 Мај, 2024
0.0295

Може ли експерт за 10.000 евра да го заживее граничниот премин „Клепало“ и да не поврзе со Бугарија?

Објавено во: Економија 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Царинската управа во петокот објави повик за ангажирање на консултант за набавки за поддршка на проектот за реконструирање и отворање на граничниот премин Струмјани – Берово (Клепало) помеѓу Бугарија и Македонија, како прв чекор во обидот да се заживее изолираниот малешевски крај, инаку со голем туристички потенцијал.

Консултантот, кој може да добие максимален хонорар од 10.000 евра, треба да биде одбран до крајот на мај. Македонската страна од Европската унија ќе добие 3,5 милиони евра за да го обнови граничниот премин, кој инаку е граден во 90-тите години од минатиот век и сега е запуштен. Патот минува покрај Беровското езеро, но не завршува никаде.

„Експертот за набавки ќе биде одговорен за подготовка на сеопфатна тендерска документација за различни видови договори наменети за имплементација во рамките на опфатот на проектот“, пишува во огласот. 

Од Царинската управа за „Фактор“ велат дека македонската страна ќе добие 3,5 милиони евра, но нема детален одговор што ќе се набавува за овие пари со помош на експертот. Од таму додаваат дека проектот ќе се реализира целосно до 2029.

„Минатата година преку ИПА 3, во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, се обезбедени 9 милиони евра за реконструкција на граничната инфраструктура која ќе овозможи отвoрање и пуштање во употреба на ГП Берово Струмјани (ГП Клепало), од кои 3,5 милиони евра се за РС Македонија.
Согласно договорот за грант со ЕУ склучен во ноември 2023 година, Царинската управа веќе објави повик за избор на консултант за подготовка на документација за проектирање, надзор и градба на граничен премин Струмјани-Берово, а согласно со INTERPEG програмата за прекугранична соработка „Бугарија – РС Македонија 2021-2027“ во рамки на инструментот за претпристапна помош – ИПА 3. Планот за набавки во врска со овој договор е одобрен од ЕУ во февруари годинава.
Согласно Програмата на ЕУ, проектот е предвидено да се реализира до 2029 година“, велат од Царинската управа.

Во повикот се објаснува дека „очекуваните промени ќе придонесат за зголемување на сообраќајот на луѓе и стоки меѓу двете земји; зајакнување на комуникациските врски меѓу двете земји, поврзувањето со Коридорите IV и VIII, што треба да ја подобри регионалната поврзаност и да го поттикне економскиот раст. Главните целни групи кои ќе имаат корист од проектот се жителите, посетителите и деловните субјекти во областа. Оваа стратешка локација има значење бидејќи е подготвена позитивно да влијае врз активностите на локалниот рурален туризам. Исто така, тоа ќе создаде потенцијал за привлекување поголем број туристи во регионот, поттикнувајќи го растот и во Северна Македонија и во Бугарија“, пишува во документот.

Во поглед на состојбата на македонската страна од граничниот премин опишано е дека во моментов на локацијата има неколку објекти, изградени во 1990-тите. Сепак, изминатиот период во претходно објавени медиумски репортажи беше пренесено дека голем дел од објектите се запуштени од забот на времето, а добар дел од опремата и реквизитите се искршени или украдени.

„Има две влезни и две излезни ленти со можност за проширување. Административната зграда е поставена на излезната страна на 7 метри од првата лента. Настрешницата ги покрива сите ленти и надземната вага за тешки возила. Има пет кабини за царинска и пасошка контрола. Други капацитети вклучуваат електронски надземен мост за мерење од 50 тони, еден канал за проверка на тешки возила, еден јарбол за знаме висок 10 метри на излезната страна, четири рампи,  јама за дезинфекција на возила, кучешка куќа, трансформатор (електричен), јавен тоалет, фонтана и чешма, простории за инспекција, паркинг, како и места за бесцаринска продавница и царински агенти.

Управната зграда - има две интегрални, но функционално поделени единици - за МВР и Царинската управа. Во непосредна близина на зградата има гаража опремена со електромеханички лифт за преглед на патнички моторни возила“, опишано е во огласот.

Македонија одамна го изгради патот до граничниот премин од своја страна , па дури и го направи својот премин. Бугарската влада пред една година на седница одлучи да го прогласи за национален објект граничниот премин кон Македонија „Струмјани-Берово“ и да го гради патот Струмјани – Микрево – Раздол – Клепало – граница со Македонија.

Истовремено уште еден проект - граничен премин „Маркова Нога“ треба потенцијално да го подобри квалитетот на животот во преспанскиот крај со отворање на транзит кон Грција, со покровителство на УНДП.

„Во рамки на надлежностите на Царинската управа ве информираме дека во изминатиот период, а со средства од Буџетот, изработен е основен проект, по што во 2023 година добиена е градежна дозвола за изградба на Маркова нога.
Со издавање на градежната дозвола за Маркова нога, како и обезбедувањето на потребните градежни дозволи за останатите проекти коишто ќе се реализираат во рамки на „ЕУ за Преспа“ се создаваат неопходните услови за потпишување на Договорот за имплементација програмата помеѓу Европската унија и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) што се очекува да биде потпишан во скоро време.
За реализацијата на проектот за изградба на граничниот премин Маркова нога преку ИПА 3 се обезбедени 1,9 милиони евра преку инструментот за претпристапна помош на ЕУ - ИПА 3, додека 170 илјади евра за опремување се покриваат со буџетски средства.
Согласно програмата ЕУ за Преспа изградбата се планира да заврши до крајот на 2025 година“, информираат од Царинската управа.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија