19 Мај, 2024
0.0292

МОЕТО АНГЕЛЧЕ, МОЈАТА АН, МОЈАТА СВЕТЛИНА И БОЖЕСТВЕНА ЉУБОВ - Јулија и пријателите се збогуваат со прерано починатата Андријана

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска ќе биде погребана Андријана Мациева, уметница, ќерка на водителката и пејачка Јулија.

Јулија Мациева со бескрајна болка прфеку социјалната мрежа фејсбук соопшти дека денеска телото на нејзината ќерка ќе биде изложено во капела на градските гробишта во Бутел. 

„Телото на моето ангелче, на мојата Андријана, на мојата Ан, мојата светлина, божествена љубов и добрина, ќе биде изложено денеска петок, 13.05, во 14 часот, во капелата на градските гробишта Бутел“, пишува Јулија.

Моја Ан, летај мајкино со ангелите, низ болка се збогува Јулија. 

Речиси цело Скопје, сите нејзини роднини, пријатели и познајниоци, низ болка се збогуваат со младата Андријана, која за жал, ја изгуби битката со ракот по долго боледување.

„Најдрага Јуле, тажно-претажно, неприфатливо..... најискрено и најдлабоко сочувство драга моја. Не постојат зборови на утеха за ваква загува. Нека почива во мир, Царство Небесно, а таа ангел - како на Земјата, така и на Небото. Светол нека и е патот, во мир нека си почива. Имаше уште толку убавина од својата убавина да му пружи на овој свет“, пишува пријателка.

„Патувај ангелу мил! Спокој на твојата млада душичка! Сочувство мила Јуле!“, е еден од коментарите.

„Патувај Ангелу во небесната висина.. ангели нека те чуваат. Ангел на земјата, ангел на небото! Обој го небото со најубави бои! Андрианче непребол си Почивај во мир убавино. Сочувство Јуле, Господ да ти даде сила да ја издржиш оваа болка“, се вели во еден од коментарите.

Фактор изразува длабоко сочувство за големата загуба на Јулија.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“