16 Мај, 2024
0.0341

Младите македонски играчи ќе бидат јадрото на новиот ракометен клуб КЛ7

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Лазаров - "Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи"

Првата македонска ракометна лига од оваа натпреварувачка сезона ќе има уште еден клуб КЛ7. Сржта на овој нов субјект во македонскиот ракомет е составена од млади играчи чии тренер е Андон Бошковски. За формирањето и целта на КЛ7, неговиот идеен носител Кирил Лазаров изјави:

 - "Почнуваме нов проект , ракометен клуб во кој предност ќе дадеме на младите македонски играчи. Ќе поставиме принципи на функционирање , сериозен пристап во работата и она што е најнеопходно за напредок кај младите играчи квалитетен тренажен процес во текот на целата година.

Ќе бидеме инкубатор за поголемите клубови, ќе соработуваме со сите македонски клубови за доброто на македонскиот спорт и ракомет.

Ќе поставуваме високи цели за да можеме да ги препознаеме карактерните особини на нашите играчи за што подобро селектирање. Ќе учествуваме на интернационални турнири со реномирани противници. Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи" .

Тренажниот процес на ракометарите на КЛ7 е во тек, а првиот официјален натпревар го имаат во средината на септември. До почетокот на првенството КЛ7 ќе одигра повеќе пријателски натпревари со суперлигашки тимови.

Идејата за уште поголема популаризација на ракометот кај децата Лазаров и неговиот тим ја реализираат веќе трета година, преку школите кои работат низ Македонија. Нивното мото е "Ракомет за секое дете", со цел најдобрите од нив по неколку години да се изборат за своето место во клубот.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“