27 Април, 2024
0.0522

Млади фудбалерки од Централна и Источна Европа се натпреваруваат на турнир во Скопје

Домаќин на спортската средба е меѓународната образовна институција „Нова“ која учествува со своја екипа и ги брани македонските бои. Во земјава се наоѓаат тимови од Белград, Србија; Софија, Бугарија; Киев, Украина; Рига, Латвиjа и Хелсинки, Финска.

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Млади фудбалерки од средни училишта од Централна и Источна Европа, деновиве се натпреваруваат во Скопје на CEESA интернационалниот турнир во женски фудбал кој се одржува во теренот наФК „Алумина“. Домаќин на спортската средба е меѓународната образовна институција „Нова“ која учествува со своја екипа и ги брани македонските бои. Во земјава се наоѓаат тимови од Белград, Србија; Софија, Бугарија; Киев, Украина; Рига, Латвиjа и Хелсинки, Финска односно околу 80 фудбалерки и тренери од повеќе од 25 националности. Турнирот почна во четвртокот (10 ноември) и завршува во сабота (12 ноември) кога на најдобрите тимови ќе им бидат врачени медали.

Женскиот фудбал се уште нема земено силен замав во Македонија, но во училиштето „Нова“ функционира тим уште од 2011 година.

- Целата приказна почна пополека, но денес може да се пофалиме дека нивото на кое што девојките играат фудбал во нашето училиште е на завидно ниво. Пред пет години кога го формиравме тимот постоеше мал скептицизам и став кај ученичките дека ова е машки спорт, но како што почнаа да навлегуваат во правилата и техниките на фудбалот интересот растеше. Денес веќе имаме искуство и успеси зад себе што секако резултира со силен тим кој одлично поминува на турнирите – велат од училиштето „Нова“. 

Покрај редовните тренинзи, средношколките традиционално се натпреваруваат и на CEESA турнирот кој секоја година се одржува во различна земја, а годинава изборот падна на Македонија. 

- CEESA е асоцијација на меѓународни училишта формирана со цел да се разменуваат искуства и да се работи на професионален раст и надградба. Една компонента на оваа мрежа е и организацијата на турнири каде што учениците се натпреваруваат во фудбал, кошарка и одбојка, а во секој од овие спортови има женска и машка лига што значи дека и девојчињата и момчињата се еднакво застапени – посочуваат од „Нова“.

Додека девојките се борат за висок пласман во Македонија, во Хелсинки, Финска се одржува турнирот за момчиња на кој исто така се натпреварува и екипа од меѓународното училиште „Нова“.



Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“