21 Мај, 2024
0.0303

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Објавено во: Македонија 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Пратеникот Антонио Милошоски објави дека Вишиот управен суд вчера ја отфрлил жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, а која се однесува на приговорот на претседателската кандидатка Гордана Давкова, и со тоа се запира постапката на полагање испити и засновање на работен однос на 130 судии и јавни обвинители. 
„Уште еден пораз за најслабиот двоец во ресорот правда, министерот Лога и заменичката Мадиќ, за омилената директорка на СДСМ Габер Дамјановска и Џелал Бајрами, извршителот на ДУИ во јавното обвинителство. Истовремено ова е добра вест за сите квалитетни правници. Ова е победа на правото и заштита на изборниот законик од политичкиот инженеринг на овие четворица владини функционери, кои ќе мора да ја повторат римската правна лекција "Dura lex sed lex".

Вишиот управен суд вчера ја отфрли како неоснована жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители и ја потврди одлуката на Антикорупциската комисија со која беше уважен приговорот на Проф.Силјаноска Давкова за прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии. Одлуката е конечна и извршна.

Постапката за полагање испити во Академијата и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира заради прекршување на изборниот законик од функционерите на оваа институцијa“, пишува на фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.

Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат