Мијалков доби казна затвор па запали свеќа
Објавено во: Македонија 25 Април, 2022
-Христос Воскресна ! Светлината на Велигден нека донесе здравје, радост, љубов и духовен мир во сите домови. Вербата нека ни даде сила и разум да ги надминеме сите искушенија.
За многу години празникот !, честиташе подоцна на Фејсбук.
Тој во четвртокот беше осуден на една и пол година затвор првостепено во случајот „Плацеви на Водно“, сметајќи ги деновите поминати во притвор.
Мијалков е еден од осомничените во „Империја“, предметот за кој ОЈО за организиран криминал и корупција ја заврши истрагата со запленување на имот од повеќе од 32 милиони евра.
Мијалков моментално се брани од слобода.