19 Мај, 2024
0.0263

Мицотакис денеска го добива мандатот за Влада, Ципрас верува дека Сириза брзо ќе се врати на власт

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Киријакос Мицотакис денеска ќе ја даде свечената заклетва како нов премиер на Грција во Претседателската палата и ќе го добие мандатот да состави Влада по убедливата победа на Нова Демократија против Сириза на Алексис Ципрас по вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција.

Претходно, актуелниот претседател на грчкиот парламент, Никос Вуцис, ќе оди во Претседателската палата за да го информира претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, за исходот на изборите. Утре се очекува да се објави составот на новата влада, а новиот кабинет ќе се состане за прв пат в среда.

Нова Демократија обезбеди апсолутно мнозинство од 159 пратеници од можни 300, додека Сириза има 86. Остатокот од распределбата е кај четири помали коалиции.

Премиерот во заминување Алексис Ципрас нагласи дека секој што се бори знае да изгуби, но исто така и да стане кога ќе падне. "Ние ќе работиме со тврдоглавост за да го направиме поразот привремен", изјави првично тој.

Тој призна дека Сириза не успеа да претвори значителен дел од гласачите во 2015 година во стабилни "симпатизери", но истакна дека ќе го искористи сегашниот резултат да создаде длабоки и широки врски со општеството. Вели дека Сириза прераснала во партија со многу членови и широка база на лојални гласачи и "големо, модерно, масовно движење" на прогресивен развој,.

Ципрас истакна дека ќе дејствуваат како динамична опозиција, фокусирајќи се на заштитата на правата на работниците и социјалната компонента и нагласи дека се надева дека Нова Демократија нема да ги деградира претходно превземените социјални реформи и мерки.

"Им благодарам на Грците за нивната доверба ... Сите ние одиме заедно, обединети напред. Ќе работам за да ги убедам сите дека сум премиер на сите ... Многу сме малку за да се делиме, ги знам тешкотиите што ме чекаат", рече Киријакос Мицотакис. "Јас сум посветен на ефикасна држава, пониски даноци и силен раст. Владата ќе работи цело лето, можеме заедно да ја испишеме нашата сопствена историја“.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс