26 Април, 2024
0.0288

Марко Зврлевски „перфектен обвинител“ или послушник на Груевски и Мијалков

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Зврелвски ќе остане запаметен како Јавен обвинител во чие време се формираше Специјално јавно обвинителство, со основна цел – да ги истражи наводите од прислушуваните разговори поврзани и кои произлегоа од прислушуваните телефонски разговори.

Марко Зврлевски е на функцијата јавен обвинител на Република Македонија од 2013 година, а на оваа позиција дојде од одделението за организиран криминал и корупција. Најголемите критики кон Зврлевски следуваа по објавувањето на политичките бомби од страна на опозицската СДСМ, преточени во проектот „Вистината за Македонија“. Обвинителството со месеци ги чуваше во фиока, а во меѓувреме отвори случај против Заев познат како „Пуч“.

На ромски бал со Мијалков и Бајрам

Марко Зврлевски во јавноста се појавуваше многу ретко. за четири години откако беше на челната позизвицја на државното обвинителство, Зврлевски прес конференција има одржано еднаш или двапати и тоа за да ја претстави пр - службата. Медиумите не ги сакаше многу, во насока на тоа дека речиси секогаш одбиваше интервјуа..Откако почна политичката криза, бомбите, разврската на политичката криза, Зврелвски се појави само на едно интервју кај Александар Чомовски на Телма ТВ. Иако ја избегнуваше јавноста, сепак немаше проблем кога камерите го регистрираа на ромскиот бал, во друштво на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и Амди Бајрам.Марко Зврлевски не гледа ништо спорно во таа негова посета на ромскиот бал рамо до рамо со бивш осуденик и покрај тоа што Амди Бајрам е бивш осуденик.

(НЕ)ажурен и (не)селективен

Марко Зврлевски беше мета на критики и за неажурност и селективност. Случаи кои ги обелоденуваше опозицијата во кои беа вмешани високи функционери на претходната владејачка гарнитура предводена од ВМРО ДПМНЕ, јавното обвинителство или не постапуваше или не гледаше основа за покренување обвинение. Меѓу нив се случаите Македонска банка и Актор кои го привлекоа вниманието на јавноста, уште повеќе што се работеше за скандали кои стасаа и до европските институции, особено аферата Актор.

Најголемите критики кон Зврлевски следуваа по објавувањето на опозициските бомби. Обвинителството со месеци ги чуваше во фиока, а во меѓувреме отвори случај против тогаш лидерот на опозициската СДСМ, денес премиер Зоран Заев познат како „Пуч“.

Марко Зврлевски - „перфекетн јавен обвинител“ или ...

Марко Зврлевски е перфектен јавен обвинител сметаше претсeдателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски. Во време, не така оддамна (почетокот на јуни) Владата токму од Советот, чекаше мислење за работата на Зврлевски, бидејќи за него беше иницирана постапка за разрешување поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

Сепак само една недела подоцна, советот на јавни обвинители за „перфектниот јавен обвинител“ даде позитивно мислење на Владата за разрешување на Зврлевски. Претседателот на советот Аневски, тогаш не сакаше да одговори на прашањето од новинарите, кое е образложението на Советот за прифаќање на предлогот на Владата. Прашан за неговата претходна изјава дека Зврлевски е „перфектен“ обвинител, Аневски кажа дека тогаш се изразил во суперлативи, додавајќи дека нема забелешки за работата на Зврлевски и дека е добар обвинител.

Заради неговата (не)ажурност се формираше СЈО

Марко Зврелвски ќе остане запаметен како јавен обвинител во чие време се формираше специјално јавно обвинителство, со основна цел - да ги истражи наводите од прислушуваните разговори поврзани и кои произлегоа од прислушуваните телефонски разговори. Зврлевски се споменува и во „бомбите“. За него разговараат министри во Владата. Од разговорите се покажува влијанието врз него за отфрлање на кривична пријава против екс министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Зврлевски разрешен, в.д државен јавен обвинител Џелал Бајрами

Пратениците во Собранието попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, по 12 продолженија на седницата, го разрешија јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Пратениците од владејачкото мнозинство одлуката за разрешување на Зврлевски ја поздравија со аплауз. Нивните колеги од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, затоа што сметаат дека разрешувањето е незаконско. Сега фунцкијата вршител на должноста државен јавен обвинител ќе ја обавува неговиот заменик Џелал Бајрами, кој своевремено беше министер за труд и социјала, како и заменик министер за вантрешни работи од редовите на ДУИ...

Р.Ф


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот