12 Мај, 2024
0.0268

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и во Валандово

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се проширува и во Валандово. Градоначалникот на општината, Перо Костадинов, и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска потпишаа меморандум за соработка со цел поефикасна реализација на активностите. Во нивни рамки, учениците ќе се здобијат со знаења преку работилници против булинг, а ќе биде испечатен и доставен и едукативен материјал.

На општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ од почетокот на 2024 се приклучија и Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево. До крајот на минатата година, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

Дел од активностите во Валандово, како и во останатите 18 општини, се образовните средби предводени од психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. Покрај учениците, во работилниците учествуваат и наставниците, но и други членови на стручните служби. Освен знаења наменети за децата и за младите, преку кои тие ќе можат полесно да се справат со врсничкото насилство, на овие едукативни средби се пренесуваат и искуства кои што педагозите и психолозите можат да ги искористат во секојдневната настава.   

За сите 19 општини што се приклучија на општествено одговорната кампања „Макпетрол“ овозможи работилници и едукативни материјали. Во дел од нив овие образовни средби веќе се завршени, во дел се во тек, а во останатите ќе бидат комплетирани во следниот период. Тема на работилниците се подетално запознавање со физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг, но и начините како со нив учениците да се справуваат.

Интернет-страницатаkreniglas.mk, исто така, содржи опсежни информации за врсничкото насилство. Преку оваа платформа, секој што чувствува потреба да го сподели своето лично искуство со булингот, може тоа да го направи анонимно.

Преку активностите што се дел од „Крени глас против врсничко насилство“ се исполнува една од стратешките цели на „Макпетрол“ - општествената одговорност. Во таа насока, компанијата ќе продолжи да реализира проекти кои што на децата и на младите ќе им помагаат и ќе им обезбедуваат поддршка за развој.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“