Македонското млеко е квалитетно, но се произведува се помалку
Објавено во: Агробизнис 30 Мај, 2013
„Квалитетот на суровото млеко од нашите кооперанти е врвен, кај средните фармери е одличен, а најситните во многу скоро време ќе го постигнат бараното ниво. Редовните контроли, пак, и стандардите се гаранција за домашните потрошувачи дека македонското млеко е безбедно“, вели Јован Дабевски, сопственик на млекарницата „Здравје Радово“.
Сепак посочуваат од секторот, трендот на недостиг од сирово млеко продолжува. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во 20о9-та откупот на свежо кравјо млеко изнесувал 116 милиони литри млеко,во 2010 година е намален на 115 милиони литри, за во 2011 да се откупат само 108 милиони литри домашно млеко, бројка која лани е пониска од 100 милиони литри.