17 Мај, 2024
0.0266

Лукаревска: Пад на ДДВ од 79 отсто во април во однос на лани

Објавено во: Финансии 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на денешната прес-конференција информираше дека има пад на наплатата на ДДВ за 79 отсто од 1 до 14 април во однос на истиот период лани.

- Споредбено со истиот период лани, од 1 до 14 април 2019, има пад на вкупниот данок од 38,15 проценти, рече Лукаревска.

Рокот за достава на ДДВ-пријавите е 25 април, а на предлог на сметководителите, се размислува истиот да биде одложен.

Бројките за март говорат дека има пад од 12,28 проценти кај сите даночни приходи споредбено со ланскиот месец, додека минусот е 24 проценти во однос на планот.

Вкупните приходи за март изнесуваат 19 милијарди денари, а истиот месец има 16,80 отсто пад на ДДВ како најзначаен данок.

УЈП ги повикува самовработените и претпријатијата кои имаат пад во дејноста да ја искористат можноста од донесените уредби за ослободување од наплата на данок на добивка.

- Досега се поднесени и прифатени 370 барања за ослободување данок на добивка до УЈП, додаде Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот