ЛОШО СМЕ ПЛАТЕНИ, НО СЕПАК ВОЗАМ МЕРЦЕДЕС: Американка која живее на Балканот се жали на неколку балкански традиции
Објавено во: Балкан 11 Март, 2024
Оливија Лонер е Американка со хрватско потекло која живее во Загреб и на TikTok редовно го споредува животот во Хрватска со животот во САД, а на крајот од минатата година објави видео во кое на хумористичен начин ги објаснува најчестите стереотипи поврзани со Хрватите и Балканот.
„Живеам во Хрватска. Секако дека имам време да седам во кафуле и да пијам кафе по цел ден“, започна таа, а потоа продолжи: „Кога велам дека заминувам, ми требаат два часа да се збогувам. Се разбира, го чувам домашното маслиново масло во старите шишиња. Секако дека јадам леб со секој оброк“, рече таа, а потоа се осврна на уште неколку стереотипи за животниот стандард.
Лек за се
„Јас живеам во Хрватска, па знам дека ракијата е лек за се. Те боли стомакот? Земи малку ракија. Те боли рака? Стави и ракија“.
„Живеам во Хрватска. Слабо сме платени, но сепак возам мерцедес и одам на скијање секоја година“, се пошегува таа, а потоа додала: „Тајната состојка во се што готвам е вегета“.
Го имам прошетано целиот свет, но на крајот од сето тоа, ништо не е поубаво од Јадранското море“, вели таа на крајот во видеото што е прегледано повеќе од половина милион пати.
„Погодивте се“
„Кога бев во Хрватска, домаќинот не пречека со ракија и никој не ми кажа дека морам да пијам наискап. За малку ќе умрев“, призна еден следбеник, додека друг продолжи: „Хрватска е една од најубавите земји што сум ги посетил. Храната е фантастична.”
„Многу добро“, „Сè погодивте“, „Со се се согласувам“ и „Јас сум Хрват, сето ова е точно“, се дел од коментарите.