19 Мај, 2024
0.0286

Лаф-муабет со Филип Поповски алиас Фичо: Македонскиот народ сака евтино јадење

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2022

Добивај вести на Viber



Кога ќе ги пробате деликатесните јадења на познатиот шеф (гастроном, кулинар) Филип Поповски, инаку несуден адвокат, било да ги направи специјално за вас, било да ги подготвите сами, по рецептите од емисијата „Готвиме со Фичо“, сигурно ќе сакате да го повторите задоволството, уживањето не само во неговата вештина за приготвување и сервирање храна туку и во „изострениот“ вкус за кој неретко се води жестока дискусија, генерално. А, тој е резултат на постојаното надградување, искуството, знаењето и, неизоставно, развиеното чувство за убавото, неговата смисла. Мене лично ме освојуваат, повторно и повторно.

Разговорот со него е инаков, поразличен од лаф-муабетите на кои се навикнавте досега. Стилот не го заобиколивме туку го разглобивме од причина што целото внимание ѝ го посветивме на гастрономијата, кулинарството. Темата не може да се исцрпи, во буквална смисла. Говоревме за врвните, односно престижните школи за готвење, за македонската кујна, репрезентативните јадења од неа и проектот Contemporary Macedonian Cuisine, за трендовите, за т.н. висока кујна и егземпларите, за Шампањот (со голема буква, неизоставно)... А, успехот го оставивме за крај. Не случајно бидејќи неговата суштественост е опсервациона или, поточно, зависна од посматрачот, како и мерилото за него.

ММ: И покрај тоа што се школувавте за правник, се чини дека љубовта кон гастрономијата, кулинарството надвладеа. Што Ве премисли, кој беше тој пресуден фактор, момент за да ја смените професијата? И како се здобивте со вештините за готвење храна, приготвување разни видови јадења? Едукацијата е особено важна и кога се работи за кулинарството, гастрономијата.

Ф. П.:Немаше пресуден момент за промена на професијата, сѐ се случи многу спонтано, едноставно љубовта кон готвењето била поголема отколку кон правото. Во периодот додека студирав, ми беше преубаво и живеев во сон дека еден ден ќе станам адвокат, ама не бидна ништо од тоа. Единствено ќе речам дека се стекнав со добри пријатели со кои комуницирам и ден-денес и тоа е многу големо богатство. Кога започнав со студии, имав проект кој се викаше храна.ком.мк и кој во тоа време ми беше активен, а паралелно работев како фоторепортер и имав можност да се прошетам доста низ светот. Поминав навистина многу дестинации, меѓутоа брзо сфатив дека колевката на модерната гастрономија е во Европа - Франција и Италија. Дефинитивно, доколку ја запознаете базата на овие две кујни, ќе можете да ја работите секоја друга, освен азиската. Имам доста пријатели кои реално ми помогнаа да навлезам во гастрономијата. На почетокот само внимателно гледав и во еден момент се впуштив во акција. Знаете, како секој студент, не бев во можност да платам некоја елитна школа за готвење, иако ми беше голема желба, меѓутоа бев писмен да напишам писмо до неколку школи и да им ја пренесам мојата желба да завршам курс кај нив. Веднаш ми одговорија, некои дури ми ги платија трошоците. Оттаму се разграни сѐ на многу мали попатни моменти кои ја создадоа големата слика. Имав можност да запознаам сериозни имиња во гастрономијата, од такви ликови доволно е да слушнете неколку совети и да ги примените. Да не ја ширам темата, ќе треба да зборувам цел ден, ха-ха-ха!

Едукацијата е многу битна кога се работи за секоја професија. Меѓутоа, кога се работи за креативни професии, школата е само базата - таму учите само како да започнете. Ниту една школа не ви ветува дека ќе бидете успешни. Во секоја професија само 10 % од дипломираните студенти се успешни во струката, иако сметам дека каква било школа е подобра од ниедна. Прво, да тргнеме од тоа дека ќе научите да учите. Сакале или не, ќе прочитате многу книги, многу материјал, тоа ќе ве направи поелоквентни. Ќе бидете писмени, ќе научите како да комуницирате. Од оваа гледна точка, школата е многу битна. Секогаш кога разговарам со млади, кои се на раскрсница, ги советувам да учат школа. Доколку успеете да завршите образование поврзано со вашата желба за професионалната иднина.., е - тоа е огромен успех и перфектен старт на кариерата.

ММ: Според Вас, која школа е најпрестижна? Што мислите за Le Cordon Bleu? Сините витешки ленти се многу ценети. Дали Ве примамуваат? И следствено, имате омилена кујна? Дека италијанската, кинеската и француската се доминантни - тоа е факт. И јапонската, се разбира. Имате појдовен критериум?

Ф. П.: Уф, нема лоша школа. Како што реков претходно, секоја школа е подобра од ниедна, меѓутоа приватните школи се најдобри, дефинитивно. „Кордон блу“ е фантастична школа, оттаму излегуваат сериозни кадри. Мислам дека курс на ниво на кое е „Кордон блу“ е подобар од кое било формално образование. Кога би одбирал сега, формално би учел на Кулинарскиот институт во Америка, потоа би се специјализирал на некој курс во Франција и Италија. И, да не испуштам да додадам дека праксата е многу битна. Најбитна. Без пракса не можете да направите ништо. Во кулинарството не секогаш 1 кг е 1кг. „Кордон блу“ навистина е престижна и доста скапа школа, една од поскапите, меѓутоа доколку можете да си го дозволите - само напред. Таквите школи ќе ве спојат со елитата во светот. Сега е многу достапна, мислам дека имаат отворено и катедра во Бугарија. Омилена кујна немам, сакам вкусна храна. Азиската е многу интригантна за мене, меѓутоа често пречка се состојките. На пример, јапонската кујна изобилува со сорти на риби кои тешко ќе ги најдете во овој дел на Европа. Јапонските школи се доста ценети од причина што таму нема импровизација. Овие школи често наликуваат на војска. Важат за доста строги школи и верувам дека може многу да се научи. Секоја престижна школа е предност затоа што ви ги отвара сите врати низ светот. Дипломата е хартија која може да те внесе секаде, а дали ќе останеш, зависи од креативноста и способноста да се справиш со проблемите и да се извлечеш од нив.

Целото интервју може да го превземете од Машки Магазин.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“