27 Април, 2024
0.0419

КРИС ЕВАНС ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА КОЈА ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ МУ ИЗБЕГА: „Мојата мајка ќе биде среќна“

Објавено во: Стил 08 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Актерот изјави дека се уште се навикнува на новиот прекар

Магазинот „People“ официјално го избра најсексапилниот маж на светот за 2022 година, а изборот падна на холивудскиот актер Крис Еванс. Оваа ласкава титула му побегна пред две години, а ја освои неговиот колега Пол Руд.

Титулата му беше доделена во популарната емисија „The Late Show“ чиј водител беше Стивен Колбер, а актерот учествуваше преку видео повик, со оглед на тоа дека е во друга земја за да снима нов филм.

Актерот изјави дека се уште се навикнува на новиот прекар, но знае кого најмногу ќе воодушеви.

- Мама ќе биде многу среќна. Таа е горда на се што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали – изјави Крис.

Кога беше објавено дека Крис е најсекси маж на светот, жените почнаа да свиркаат и аплаудираат, а нема сомнеж дека тој ја заслужил оваа награда.

Тој е најпознат по улогата на Капетан Америка во филмовите на Марвел, но публиката го запамети и по улогата во филмовите „Фантастична четворка“ и „Назад“, пренесе Телеграф.рс

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти