15 Мај, 2024
0.0289

Ѓергалиу:Косовските такси за македонските производи се погрешни и популистички

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување на забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, е во најмала мерка популистичка одлука, која е неразумна и е донесена во погрешно време, вели Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово.

„Од една страна, се поставува легитимитетот на донесената одлука, затоа што е донесена од Влада која е во оставка, бидејќи Владата во заминување нема право да донесе таква одлука. Косово е во многу тешка положба, и ваквите одлуки се апсурдни и ѝ штетат на иднината на Косово.

Од друга страна, какви се анализите што претходеа на оваа одлука? Дали ќе биде тоа популизам, или станува збор за други интереси, кои навистина му штетат на Косово - како политички, така и економски, социјално и пред сè, во однос на интеграцијата и добрите односи со државите од регионот“, потенцира Сафет.

Според него оваа одлука треба да ги засега сите оние кои го гледаат Косово како дел од регионот и сакаат да го видат во едно европско семејство, како земја-модел за добрососедство. „Оваа одлука, како и Одлуката од минатата година за воведување на царинска стапка од 100% за производите од Србија и Босна и Херцеговина, придонесуваат Косово денес воопшто да не биде на листата н земји во однос на атрактивноста на привлекување на странски инвестиции, како што покажа и рангирањето на „Фајненшл Тајмс“ објавено пред некој ден“, заклучува Ѓергалиу.




Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“