19 Мај, 2024
0.1713

КОМПЛЕТНА ГРИЖА ОД ПРВИОТ ДЕН – СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди специјални пакети за породување со кои се нуди комплетна здравствена грижа во периодот пред и по породувањето. Како најголемо приватно породилиште, каде што годишно се раѓаат околу 1 700 новороденчиња, грижата за идните мајки и нивните најмили е приоритет, применувајќи ги сите светски трендови и технологии во областа на гинекологијата и акушерството.

Стручен тим од доктори специјалисти, гинеколози акушери и неонатолози со богато искуство зад себе и многу успешни приказни, акушерки, медицински сестри и болничарки се максимално посветени породувањето и периодот на закрепнување да поминат што полесно и на идните мајки да им остане како најубав спомен. Секој пакет за породување вклучува: болничко сместување, лабораториски анализи за мајката при прием во болницата, како и можност за спинална или епидурална аналгезија за безболно породување.

„Овие пакети се поттик за идните мајки да добијат соодветни информации како да водат здрава бременост и како правилно да се грижат за своето новороденче. Дополнително вклучивме голем број бенефиции со цел мајките да се чувствуваат прифатено и посебно во текот на бременоста и по породувањето“, изјави д-р Гордана Петровска, специјалист по гинекологија и акушерство.

Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ имаат свој неонатолог, кој ги следи нивниот раст и развој и со таа цел во пакетот се вклучени и аудиолошки, кардиолошки и ортопедски скрининг на новороденчето, совети за негова исхрана, три контролни прегледи во првиот месец и посета на патронажна сестра. Дополнително, сите бебиња родени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ добиваат ексклузивен попуст од 10% за користење на сите здравствени услуги од болницата доживотно.

Во рамки на пакетите, за време на бременоста секоја мајка има можност да посетува бесплатни часови по јога, 3 масажи за трудници во „Премиум спорт центар“, книга со совети за водење здрава бременост. По породувањето, на родилките им следува специјален попуст од 30% за постпородилни пакети за обликување на тело и 20% попуст за медицински козметички услуги во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20% за користење на услугите во „Премиум спорт центар“ и бесплатна фризерска услуга.

Пред напуштање на болницата, секоја породена пациентка добива специјален подарок мултифункционална брендирана бебешка торба „Acibadem Sistina Baby“ со информативен материјал и подароци.

НОВИ БЕНЕФИЦИИ  ВО ПАКЕТИТЕ ЗА ПОРОДУВАЊЕ

Новитети во пакетите за породување во грижата за мајката пред и по породување се: бесплатна консултација со психијатар, консултација со нутриционист и совети за исхрана на доилки по породување, како и бесплатна ендокринолошка консултација  и 20% попуст на услугите во AS „Slim Body Center“ по породувањето. Дополнително, сите породени пациентки добиваат попуст од 20% во рестораните „SushiCo”,  „SushiCo Zen“, ресторанот „Salvatore“ Панорама Резиденс и ресторанот „Always fresh”.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја цени лојалноста на своите пациенти и со таа цел за пациентките што се породуваат по втор или трет пат или, пак, извршиле ИВФ-постапка им нуди сместување без дополнителен финансиски надомест во еднокреветна соба и апартман, организирање свечена вечера со партнерот и фризерска услуга. Сместувањето во еднокреветна соба или апартман е во зависност од моменталниот расположлив капацитет на Одделот за гинекологија и акушерство.

Сите бенефиции во пакетот за породување следуваат со авансна уплата од 12.000 денари.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата