18 Мај, 2024
0.0395

Колку пари вртат господарите на струјата?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

На македонскиот пазар на електрична енергија лани 10 фирми регистрирани за трговија со струја свртеле над 10 милиони евра. На нашиот пазар за струја палат и гасат Словенци и Грци, чии фирми ги вртат најголемите пари. А најпрофитабилна во најголемите десет е бугарска компанија. Откако Анѓушев ја продаде ЕДС на грчкото електростопанство, нема домашно поседувана компанија во најголемите десет фирми на нашиот пазар за електрична енергија

На македонскиот пазар за електрична енергија лани се вртеле стотици милиони евра. Според официјални податоци барем половината од потрошената електрична енергија во Македонија е купена по пазарни цени. Најголемите играчи во бизнисот со трговија и снабдување со електрична енергија се големи регионални играчи присутни и на европските пазари. Од јавно достапните податоци на ЦРМ се гледа дека во бизнисот со струја лани во однос на претходната година немало некои значајни поместувања. И лани доминанти учесници на пазарот се ГЕН – И продажба на енергијаЕДС и ЕВН Трејдинг ДООЕЛ. Овие три компании се единствени кои од трговија или снабдување со електрична енергија и од транзит на електрична енергија оствариле приходи еднакви или поголеми на 50 милиони евра. Првата компанија е словенечка, втората грчка, а третата е бугарска (иако во крајна линија е дел од холдингот на австриски ЕВН н.з.)

ГЕН – И продажба на енергија е скопска испостава на најголемата словенечка приватна компанија за производство и трговија со струја ГЕН-И. Оваа фирма лани на нашиот пазар за струја остварила приход од 136 милиони евра и е единствена со приход поголем од 100 милиони евра. Нејзниот приход лани во однос на 2018 година паднал за 8 отсто. ГЕН – И продажба на енергија воедно е и најуспешна компанија од аспект на остварен профит. Лани на нашиот пазар нејзината добивка изнесува 395.000 евра.

Електрисити Деливери Солушнс (ЕДС) е чедото на Кочо Анѓушев, супер успешна македонска компанија чиј основач ја продаде на грчкото државно електростопанство ППЦ пред две години. Оваа компанија лани на нашиот пазар направи приход од 94,2 милиони евра и го зголеми своето пазарно учество за 15 отсто. Оваа компанија е многу присутна во сегментот снабдување со електрична енергија на домашни компании и правни лица. Лани нејзината добивка достигна 273.000 евра и тоа е за 12 пати подобар резултат во споредба со 2018 година.

ЕВ Трејдинг ДООЕЛ е трет најголем учесник на нашиот пазар за струја. Оваа компанија е во сопственост на бугарски ЕВН Трејдинг со седиште во Софија. Лани нејзиниот приход изнесувал 49,4 милиони евра што претставува зголемување на пазарното учество за 31 отсто. Годината ја завршила со загуба од работењето во износ од 9.800 евра.

Според остварениот приход на четврто место е  македонската филијала на словенечката државна компанија за производство на струја Холдинг на словечки електрани (ХСЕ). „ХСЕ Мак Енерџи“ лани остварил приход од 29,6 милиони евра што за 2,5 пати поголем приход од 2018 година. Годината ја завршил со добивка од 205.000 евра што е за 5 пати подобар резултат од 2018 година.

Филијалата на најголемиот швајцарски производител на струја Алпик е во петте најголеми на македонскиот пазар според остварениот приход. Лани генерирале 27,8 милиони евра приходи што е намалување за 21 отсто во однос на 2018 година. Добивката е само 4.400 евра што е пад за 83 отсто во однос на претходната година.

Во најголемите десет учесници на нашиот пазар за електрична енергија се уште: испоставата на словенечкиот енергетски гигант „Петрол“ со приход од 12,2 милиони евра и добивка од 1.200 евра, грчката компанија „Грин Енерџи“ со приход од 21,9 милиони евра и добивка од 237.000 евра, словенечки Интеренерго со приход од 25,6 милиони евра и профит од 118.000 евра, ЕФТ со приход од 11,1 милиони евра и добивка од 27.000 евра и бугарска „Тетра“ со приход од 11,2 милиони евра и профит од 375.000 евра.

Најпрофитабилни компании за трговија и снабдување со струја

компанија

сопственик

добивка

добивка/приход

ГЕН – И продажба

ГЕН-И Словенија

395.000 евра

0,3%

Тетра ДООЕЛ

Джи Пи Енерџи ЕООД, Бугарија

375.000 евра

3,3%

ЕДС

ППЦ Грција

273.000 евра

0,3%

Грин Енерџи

Вирон Василиадис

237.000 евра

1,1%

ХСЕ Мак.Енерџи

ХСЕ Словенија

205.000 евра

0,7%

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа