17 Мај, 2024
0.0284

КОЛКУ ПАРИ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ КОН ДОМАШНИТЕ БАНКИ - секој месец силни милиони

Објавено во: Финансии 12 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Кон домашните кредитори, односно банките и фондовите, државата денеска треба да се раздолжи за 32,5 милиони евра. Тоа е наведено во Календарот на Министерството за финансии.

Ова следуваше откако Владата вчера на домашниот пазар позајми 50 милиони евра. Поголем дел од парите или околу 30 милиони евра таа ќе мора да ги врати на краток рок, односно после една година, а околу 20 милиони евра ќе се вратат дури после 15 години, бидејќи беа позајмени преку 15-годишни државни обврзници.

Задолжувањата нема да прекинат ни во наредниот период, тоа ќе се прави два пати месечно, како што е предвидено во Календарот на Финансии.

Но затоа, не малку се парите кои и во наредниот период ќе треба да се враќаат кон домашните кредитори. 

Во март дури 132 милиони евра ќе треба да се вратат кон домашните бани и фондови. За 42 милиони евра државата ќ треба да се раздолжи во април, а во мај повторно следува за враќање значајна сума, дури 78 милиони евра. Помалце пари, пак, или пет милиони евра, ќе треба да се исплатат во јуни, покажува Календарот на Министерството за финансии.

Покрај раздолжувањата на домашниот пазар, на кои им претходат задолжувања, државата оваа година кон надворешни кредитори треба да врати 705 милиони евра. 

Темата за долгот редовно е предмет на препукувања меѓу политичките партии, Дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска вчера обвини дека додека Владата постојано се задолжува, нема инвестиции, а економијата стагнира. Смета дека власта нерационално располага со финансиите, додека народот мора да знае каде и за какви проекти завршуваат нивните пари.

Од власта, пак тврдат дека одговорно управуваат со јавниот долг, и дека тој за разлика од претходно, кога драматично растеше, сега е стабилизиран.

А според најновите податоци на Финансии, јавниот долг на државава за една година, односно лани, се зголемил за 339 милиони евра. Заклучно со крајот на минатата година тој изнесувал 5,54 милијарди евра, наспроти 5,2 милијарди евра колку што изнесувал на крајот на 2018 година. 

Гледано во проценти, на крајот на 2019 година долгот е 48,9 отсто од БДП, што е раст за 0,3 процентни поени во однос на 2018 година, кога бил 48,6 отсто. 

Државниот долг, пак, гледан во апсолутен износ, на крајот на минатата година бил 4,56 милијарди евра, што е раст за 212 милиони евра во однос на 2018 година, кога бил 4,34 милијарди евра.

Од Министерството за финансии нагласија дека државниот долг во 2019 година е намален за 0,4 процентни поени во однос на 2018 година и изнесува 40,2 отсто од БДП. Ова од причина што кога државниот долг се гледа како релативен износ, односно како процент од БДП, во тој случај има намалување, но тој пораснал во апсолутен износ.

Од Финансии тврдат дека јавниот долг е стабилизиран и умерен, односно тој на крајот на 2019 година изнесува 48,9 отсто од БДП, додека во 2016 година бил на ниво од 48,8 отсто од БДП. 

Додаваат дека јавниот долг во 2019 година заврши под проекцијата на ревидираната Фискална стратегија, според која требаше да изнесува 49,3 отсто. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници