17 Мај, 2024
0.0296

КОЛКУ ПАРИ ЌЕ БАРА, А КОЛКУ ЌЕ ДОБИЕ ЗЕМЈАВА - засега се стигнати само оние од ММФ

Објавено во: Финансии 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Од парите кои земјава ги очекуваше од меѓународните кредитори и институции, засега се обезбедени само 176,5 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд. Сите други планирани средства се очекува да стигнат подоцна, во мај или во јуни оваа година.

Овој заклучок може да се извлече од одговорот што Фактор го доби вчера од Министерството за финансии. 

Фактор ги праша Финансии колку средства во форма на заеми за земјава се обезбедени, дали и кои се стигнати, но и кога ќе се издаде планираната еврообврзница, и на која сума ќе биде таа.

Одговорот кој прилично долго го чекавме, не откри многу детали. 

„Во врска со временските очекувања - средствата од ММФ се веќе обезбедени. Останатите, се очекува да се обезбедат во текот на мај и јуни. За дел од сумите во моментот не може да се зборува поради ценовната чуствителност на пазарот на капитал. Во секој случај, планот е да се обезбедат средства кои ќе ги задоволат сите ликвидносни потреби и средства за финансирање на потребите на буџетот“, стои во одговорот од Министерството за финансии.

Оттаму тврдат дека фокусот во изминатиот период на Министерството за финансии бил и е да обезбеди ликвидност и средства по најоптимални услови, земајќи ги предвид зголемените потреби, состојбата со здравствената криза и пазарите на капитал.

„Меѓународниот монетарен фонд веќе одобри 176,5 милиони евра и Уредбата со законска сила за задолжувањето беше усвоена од Владата на вчерашната владина седница. Овие средства се двојно повеќе од она што првично очекуваме. Дополнително, во преговори сме со Светската банка. Се работи за вкупен износ од околу 140 милиони евра, најголем дел од инструментот за справување со кризата. Од овие 140 милиони евра, дел би биле за поддршка на мерката за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор, дел за потребите на здравството и  дел за социјална заштита“, велат од Финансии. 

Понатаму, додаваат, тука е неодамна отворениот инструмент од Европската унија, таканаречен инструмент за макро-финансиска стабилност, кој е отворен и за земјите кои не се членки. На вчерашната владина седница била разгледана информацијата од Министерството за финансии, согласно која до 15 април земјата ќе се обрати до Европската комисија со формално барање за користење на овие средства.

Од Финансии потврдуваат дека е почнат процесот за издавање еврообврзница, но нема информација на која сума ќе биде таа. И дали ќе биде 800 евра, како што веќе објавуваат дел од медиумите.

„Исто така, го започнавме процесот за издавање на еврообврзница. Истиот трае од 45 до 60 дена, подготовките се во тек, а точниот тајминг кога ќе излеземе на пазарот на капитал ќе зависи од повеќе фактори. Секако, ќе ја донесеме одлуката кога тоа ќе биде најдобро согласно движењето на пазарите на капитал, кои се очекува полека да почнат да се стаблизираат“, објаснуваат од Финнсии. 

Според пресметките, доколку еврообврзницата биде на износ од 800 милиони евра, задолжувањето во странство ќе надмине 1,3 милијарди евра, со цел да се надмине кризата предизвикана од коронавирусот.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели, неодамна во интервју за Фактор откри дека оваа институција, преку разни програми за земјава, се очекува севкупно да мобилизира околу 140 милиони евра.

Тој е оптимист и за другите заеми кои ги очекува нашата држава, а наведе и неколку предности како аргументи.

„Пред избувнувањето на глобалната пандемија, земјата имаше стабилна макроекономска состојба со голем раст на економијата, која порасна за 3,6 отсто во 2019 година, како и умерена задолженост. Дополнително, земјата стана членка на НАТО и конечно членките на Европската унија ја потврдија одлуката за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ. Ова се сите фактори кои финансиските институции и инвеститори ќе ги земат во предвид како позитивни случувања за да се спротивстави на генерализираната аверзија кон ризик на инвеститорите која се појави како последица на глобалната пандемија“, нагласи Мантованели во интервјуто за Фактор.

А во меѓувреме, за да обезбеди приходи во Буџетот, Владата ја разгледува одлуката за зголемување на акцизата на горивата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот