06 Мај, 2024
0.0271

Која мала банка исплати 205.000 евра на двајцата први банкари?

Објавено во: Економија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ТТК Банка покажа дека и мала банка може да има одлични резултати. Но покажа и друго, дека може да биде пример за транспарентно и отчетно работење преку објавувањето на податоците за платите и бонусите на најзаслужните за резултатите. Со тоа се приклучи кон пионерите и даде многу значаен придонес за јакнење на корпоративната култура  кај нас на која и се покорува светот и според која успешноста се мери според тоа кој колку заработува и за тоа се зборува отворено оти, нели, срамота е да се крие

Двајцата членови на Управниот одбор на ТТК Банка лани заработиле 205.000 евра и од тоа околу 146.000 евра се нивните плати и надоместоци, а останаите 59.000 евра се бонуси за успешна работа. Податоците се достапни во годишниот извештај за работењето на ТТК Банка за 2019 година. За успешното работење лани, годината во која ТТК Банка оствари добивка од 1,76 милиони евра што е за 7 отсто подобро од 2018 година, двајцата членови на Управниот одбор: долгогодишниот искусен и успешен банкар Драгољуб Арсовски и неговата колешка Наталија Алексова се наградени со бонус од 59.400 евра (т.е. варијабилен дел). ТТК Банка за ланското работење исплатила бонуси во вкупна вредност од 157.600 евра на вкупно 54 лица. Очигледно дека најзаслужни за работењето се двајцата членови на Управниот одбор кои добиле 38 отсто од сите средства предвидени за исплата на бонус. Само за споредба ТТК Банка иако е помала од ЦКБ Скопје, за која неодамна пишува, значајно подобро ги платила своите врни банкари. Двајцата членови на ТТК Банка лани имале 205.000 евра вкупно, а тројцата членови на управниот одбор на ЦКБ имале 143.000 евра.

Од вкупниот фонд за бонуси биле наградени и 12 лица со посебни права и одговорности (директори и раководни лица во банката кои не се членови на управниот одбор н.з.). За нив ТТК Банка исплатила 36 отсто од парите за бонуси односно 56.700 евра што значи дека просечно по лице бонус за успешност изнесувал 4.700 евра. Вкупно за плати на 28 лица со посебни права и одговорности лани се исплатени 601.250 евра, а 12 од нив се наградени и со бонуси.

Награди односно варијабилен дел на бруто надоместок (како што пишува во годишниот извештај) имало и за членовите на Надзорниот одбор на банката (вкупно 7 лица во Надзорниот одбор кој брои 5 члена н.з.). За нив варијабилниот дел односно бонусот за ланското работење изнесува 59.600 евра, а за фиксен надоместок банката платила 96.000 евра.

Банката лани наградила и 33 вработени лица кои не влегуваат во ниту една од трите погоре наведени категории. Тие се дел од најбројната група од вкупно 207 лица кои се водат како останати вработени. За нив биле издвоени 5.400 евра за награди. За овие лица  ТТК Банка лани издвоила и исплатила фиксен дел односно бруто платата со надоместоци во износ од 1,865 милиони евра. Тоа значи дека ланската бруто годишна плата по вработени во таа банка изнесува 9.000 евра за лица кои не се членови на управен одбор, а не се ниту  директориили  раководители.

ТТК Банка има акт кој се вика Политика за наградување во кој се дефинирани сите фактори кои влијаат и услови кои се исполнуваат за награда. Воедно компанијата т.е. банката има и соодветна комисија за наградување.

ТТК Банка е најмалата банка чија акција котира на Официјалниот пазар на нашата берза. ТТК Банка објави дека лани остварила добивка по оданочување од 1,76 милиони евра и тоа е за 115.000 евра повеќе од 2018 година. Тоа е за 7 отсто подобар резултат од 2018 година. ТТК Банка од ланското работење на своите акционери деновиве им подели дивиденда во нето износ од 99 денари за акција.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години