17 Мај, 2024
0.0270

Кој заработи најмногу за време на ураганот Сенди?

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Додека ураганот Сенди беснееше низ источното американско крајбрежје, а прекинот на електричната енергија го парализираше сообраќајот во Њујорк и околината, американскиот претприемачки дух се покажа во најдобро светло. Џовани Ернандез, специјалист за кастрење дрвјата кој работи во Њу Џерси, во интервју за локалните медиуми изјави дека луѓето полуделе по неговите услуги и тој добивал по стотици телефонски повици поради искршени гранки и соборени дрвја во приватните имоти. „Луѓето сакаат да дојдеме веднаш, но ние не можеме да стигнеме до нив затоа што сите далноводи сеуште се на земјата", вели Ернандез. Во средата, првиот ден по бурата, кога луѓето се обидуваа да се вратат на вообичаеното секојдневие, многу сопственици на продавници и улични трговци го продолжија времето на работење за да извлечат максимум од оваа ретка можност за бизнис. Лошите вести за сопствениците на куќите станаа одлични вести за градежните фирми и за трговците на мебел, од кои многумина имаа тешкотии во изминатите години кога продажбата на куќи во САД опадна, а невработеноста се зголеми, коментираат од Ројтерс. Бензинот и генераторите за струја биле најбараните стоки во целиот регион, а поради бурата поскапеле и вообичаени работи како кафе и колачи. Поголемите синџири на маркети во регионот исто така се обиделе да привлечат клиенти за време на ураганот и веднаш потоа. „Barneys“ во Њујорк организирале распродажба под мотото „Вратете се на вообичаениот ритам на живот, но со стил", која започнала откако ветрови на Сенди се смириле. Било објавено дека на попуст се  јапонскиот зелен чај за смирување, како и комплетот игри на табла. Некои луѓе пак се свртеле кон алкохолот, а оваа можност ја искористил сопственикот на продавница за вина и алкохолни пијалоци во Бруклин кој отворен дури и во неделата, за време на најсилниот удар на ураганот. „Неделата ни беше најголемата побарувачка годинава. Продажбата беше исто толку добра како на Бадник минатата година", се пофали менаџерот на продавницата Бен Розентал.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра