27 Април, 2024
0.0278

Кој во малото Кратово направи профит поголем од милион евра?

Објавено во: Економија 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Сите фирми кои работат под капата на „Силекс“ лани успеале да ја одржат својата пазарна позиција и нивото на приходи на речиси 19 милиони евра. При тоа направиле профит од 1,07 милиони евра што е речиси четири пати подобар резултат од претходната година

Холдингот „Силекс“ имаше солидна деловна година. Со вкупни приходи од 18,85 милиони евра и добивка од 1 милион евра, 2023 година за „Империјата на Ѕинго“ лани имаше речиси 4 пати поуспешна деловна година од 2022, покажуваат официјалните финансиски резултати на консолидираниот биланс на успех достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Споредбата на податоците покажува дека холдингот од фирми во кои доминантни акционери се членови на семејството Ивановски и наследници на Љубисав Иванов Ѕинго еден од најголемите стопанственици на социјалистичка Македонија лани направил речиси исти приходи како и во претходната 2022 година. Но финансискиот резултат благодарение за заштедата кај оперативните трошоци е значајно подобар.

Во холдингот „Силекс“ покрај матичната компанија рударско – индустрискиот комбинат „Силекс“ влегуваат и фудбалскиот првологаш и двократен шампион „Силекс“, најгледаната национална телевизија „Сител“, и фабриките „Силкрат“ и „Силпен“ специјализирана за производство на сунѓери и полиуретански продукти. Тука се и охридскиот хотел „Силекс“ и кратовскиот хотел „Кратис“, кои се дел од холдингот компании во кои мнозински или апсолутен сопственик е РИК „Силекс“.

Сите тие заедно лани генерирале приходи од продажба во вкупна вредност од 17,5 милиони евра. Од тоа на домашниот пазар оствариле приходи вредни 6,9 милиони евра, а од извоз генерирале приход вреден 10,6 милиони евра. Додека приходите од домашниот пазар се речиси идентитични како во 2022 година, извозот на холдингот е намален за 10 отсто.

Кај оперативните расходи клучно е намалувањето кај најголемата ставка – трошоците за суровини и материјали. Лани биле 11,3 милиони евра и биле пониски за 13 отсто во споредба со претходната споредбена година.

Втора најголема расходна ставка се трошоците за вработените кои изнесувале 3,6 милиони евра. Во однос на претходната година се зголемени за 16 отсто.

РИК „Силекс“ е компанија која е во мнозинска сопственост на братот и сестрата Горан Ивановски и Розета Димитровска, син и ќерка на Љубисав Иванов Ѕинго поранешниот сопственик на 64 отсто од акциите во „Силекс“.

Над 580 домашни физички лица поседуваат 35 отсто од акциите со право на глас во РИК „Силекс“.

Р.Ф.

foto Wikipedia/Dars

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба