Кој сектор ќе добие најмногу, а кој најмалку со новиот буџет?
Објавено во: Анализа 09 Ноември, 2017
Министерството за финансии го подготвува предлог буџетот за 2018 година кој по јавната дебата ќе се најде пред собраниските комисии и ќе чека парламентарно одобрување. Според досега прикажаното Министерството за финансии планира раст како на приходите така и на расходите, покривање на буџетскиот дефицит од домашни и странски поволни извори на кредитирање но, не и зголемување на дефицитот во однос на БДП кој од 2,7% во 2017 догодина ќе биде спуштен на 2,5%.
Што се однесува на буџетските расходи речиси и да нема поголеми изненадување, имаме уште еден масовен буџет кој претежно е креиран за исплата на плати, пензии, социјални трансфери, субвенции и државни трошења. Според првичниот предлог раст на расходите ќе има во одбраната за повисоки плати од 10% за војниците, поголеми трошења поради исполнување на НАТО стандардите, како и раст на платите од 5% за наставниците во образованието.
Гледано процентуално 32% од расходите на идниот буџет се планирани за плати и социјална заштита, 19% се предвидени за економски развој и финансиски работи, во здравството кое има огромни проблеми ќе се потрошат 14% од буџетот и во образованието за актуелните и новопредвидените програми 11%. Во сите останати области во кои државата има свој удел расходите од вкупниот буџет се под 10% со тоа што за регионален развој се издвоени само 1% од вкупните средства.
Во продолжение погледнете ги и ставките од расходната страна на буџетот со поконкретни планирани бројки, како и планираните проекти.
Тековни расходи – Плати и стоки и услуги
Расходите за плати се проектирани на 27,1 милијарди денари – раст од 460 милиони денари, т.е. 1,7% • 10 % повисоки плати за сите припадници на армискиот состав од јануари 2018 година (приближување кон НАТО стандарди)
• Расходите за стоки и услуги на 17,2 милијарди денари – пониски за 420 милиони денари, т.е. 2,4% • Редовно подмирување на обврските на буџетските корисници
• Обезбедени средства за финансирање на здравствените програми
• Зголемени материјални трошоци во Министерство за одбрана (НАТО стандарди), но и намалување на останатите „стоки и услуги„ за 650 милиони денари, во линија со определбата за рестриктивна буџетска потрошувачка во делот на помалку продуктивните расходи.
Тековни расходи - Трансфери
• Трансферите се планирани на ниво од 134 милијарди денари, (раст од 6,6 милијарди денари, т.е. 5,2%):
• Пензиите изнесуваат 54 милијарди денари или 2,1 милијарда повеќе во однос на 2017 – со редовно законско усогласување
• Активни политики за вработување се планирани во износ од 988 милиони денари, повисоки за 100 милиони денари
• Надоместок за невработеност од 950 милиони денари - раст од 184 милиони денари за решавање на проблемот на стечајни работници
• Субвенции и трансфери од 17,3 милијарди денари
• Поддршка на домашни претпријатија од 1,1 милијарда денари – и продолжување на поддршката на странските компании со 970 милиони денари државна помош (Вкупно 2 милијарди денари)
• Обезбедени средства за радиодифузна такса, минимална плата, итн.
• Субвенциите во земјоделие заедно со рурален развој (дел од “капитални расходи”) изнесуваат 8,4 милијарди денари 10 Тековни расходи - Трансфери
• За здравствена заштита планирани се 28,2 милијарди денари, т.е. 1,1 милијарди денари повеќе - Обезбедени се средства за 5% покачување на платите за вработените во ЈЗУ од септемвриската плата во 2018 година, како и за редовно финансирање на здравствените услуги
• Трансфери до ЕЛС планирани се на 17,9 милијарди денари, т.е. дополнителни 893 милиони денари во однос на 2017 (5,2%)
• Во овие рамки, се обезбедува финансиско зајакнување на општините за делегираните надлежности во образованието, културата и заштитата на деца и стари лица
• Истовремено, обезбедени средства за зголемување на платите за вработените во основно и средно образование и детските градинки за 5% почнувајќи од септемвриската плата во 2018 година
• Нови вработувања во детските градинки со цел
подобрување на грижата на децата.
Автор: Христијан Станоевиќ