19 Мај, 2024
0.0255

Кој им дише во врат на големите трговци со бела техника?

Објавено во: Економија 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Македонците се манијаци за купување апарати за дома. Бизнисот со бела техника и куќни апарати лани, кај три од најголемите четири малопродажни ланци, растел со стапки повисоки од 5 отсто. Македонскиот пазар го држат цврсто и неприкосновено четири компании - ланци за малопродажба на уреди за домаќинство и бела техника. Тие заедно лани оствариле продажби вредни над 115 милион евра! И најинтересното: најмалиот во групата кумановската компанија Алфи Би држи лекција на најголемиот „Нептун“ за тоа како се прави профит. Неговата профитна маргина лани е двојно поголема од таа на „Нептун“

На македонскиот пазар за малопродажба на куќни електрични апарати и бела техника и лани доминира големата четворка составена од три скопски и една кумановска компанија.

Кои се тие?

Нептун Македонија ДОО е најголем ланец за малопродажба на електрични апарати за домаќинство во специјализирани продажници. Присутен во сите поголеми градови ширум земјава оваа компанија е најголемиот продавач на апарати т.е. бела техника. Компанијата во која сопственици се двајцата членови на семејството Папраднику (Арсим и Илир) и компанијата „Балфин“ Б.В. лани оствари приходи во вредност од 60,9 милиони евра што е за 7 отсто повеќе од 2018 година. Но профитот не кореспондира со приходите. Тука трендот е спротивен. Добивката благо паѓа во однос на 2018 година за 2 отсто. Профитот на Нептун лани изнесува 2,7 милиони евра.

Сетек (Се од техника) е и лани е најголем конкурент на Нептун од аспект на остварени приходи од продажба. Оваа домашна компанија која во изминативе две години беше најбрзорастечки бренд на пазарот, лани некако го изгуби темпото. Нејзините приходи лани се пониски за 10 отсто во однос на 2018 година и изнесуваат 34,2 милиони евра. И покрај големиот пад на приходите компанијата на сопствениците Игор и Дејан Кимовски и лани им донесе профит речиси идентичен на добивката во 2018 година. Таа изнесува 1,2 милиони евра. Сетек е единствена компанија од најголемите четири која лани книжи пад на приходите од продажба.

Техномаркет Македонија лани е најуспешната компанија во оваа конкуренција од аспект на остварен раст на приходи во споредба со 2018 година. И покрај тоа што според приходите е далеку позади двата најголеми ланци маркети оваа компанија лани оствари раст на приходите од 24 отсто и по стапката на раст е лидер во својата конкуренција. Нејзините приходи изнесуваат 13,5 милиони евра. Добивката за 2019 година изнесува 338.000 евра што е неспоредливо подобар резултат од 2018 година кога компанијата работела со загуба. Техномаркет Македонија е во сопственост на фирмата „Амако НЕТ“ која пак е во сопственост на физичкото лице Андреј Хочевар.

Кумановската локално поседувана компанија Алфи Би е најмалиот член на големата четворка. Компанијата на кумановецот Гоце Серафимовски, позната пред се по грејни тела и печки, лани успеала да ја зголеми својата продажба за 6 отсто во споредба со 2018 година. Лани завршила со приходи од 7 милиони евра и добивка од 605.000 евра што е 2 отсто подобар резултат од 2018 година.

Која е најпрофитабилна компанија од најголемите четири?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа