10 Ноември, 2024
0.0277

Кој акционер од штипски „Бетон“ ги продаде своите акции?

Објавено во: Анализа 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во штипски „Бетон“ се случи значајна промена! Еден од четирите големи акционери ги продаде своите акции! Наскоро ќе дознаеме кој продал и кој е нов сопственик и дали ова е вовед во нешто поголемо што може да се случува со таа голема домашна градежна компанија

Една од четирите фирми кои поседуваат по или над 19,5 отсто од акциите со право на глас во штипската градежна компанија „Бетон“ во петокот ги продаде своите акции, покажуваат официјалните податоци од тргувањето на Македонската берза. 

На 14 јуни (петок) во три трансакции беа истргувани вкупно 8.225 акции со право на глас во штипски „Бетон“ за сума од четврт милион евра односно за 15,5 милиони денари. Секоја од акциите беше истргувана по цена од 1.886 денари.

Кој е нов сопственик на акциите во штипски „Бетон“ официјално ќе се знае на 25 јуни кога ќе биде објавена нова состојба на интернет страницата на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Во „Бетон“ има 4 големи поединечни акционери и сите се домашни компании. Најголем акционер е „БИМ Инвест Инженеринг“ од Штип која поседува 23,32 отсто од акциите, според последни достапни податоци оваа компанија е сопственост на Сашко Бошков од Штип, кој е член на Одборот на директори на „Бетон“, а акциите ги купи од Зоранчо Митровски, сопственик на штипски „Езимит“. На почетокот на оваа година токму оваа фирма даде јавна понуда за откуп на сите слободни акции во штипски „Бетон“ и тогаш оваа фирма понуди 1.600 денари за акција. Непосредно по најавата за јавна понуда компанијата се повлече од својата намера.

Другите три компании поседуваат по 19,5 отсто од акциите во штипски „Бетон“ и тие се: ТИМ ДОО од Скопје, „Пелистерка“ од Скопје и „Ексико“. 

„Бетон“, во акционерската структура освен овие четири домашни компании има уште 85 домашни физички лица кои заедно поседуваат 13,8 отсто од акциите во компанијата. Останатите помалку од 5 отсто од акциите се распределни меѓу повеќе од стотина акционери:стански физички лица и домашни правни лица.

Акцијата на штипски „Бетон“ е ниско ликвидна и се тргува ретко. Во поселедниве 6 месеци е тргувана само во на 14 јуни и на 11 април кога биле истргувани вкупно 311 акции по единечна цена од 1.600 денари за акција (ист износ со предлогот за јавно превземање од „БИМ Инвест инженеринг“. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТОЧКАТА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Научниците објавија застрашувачки факт - го поминуваме прагот на глобалното затоплување

ТОЧКАТА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Научниците објавија застрашувачки факт - го поминуваме прагот на глобалното затоплување

Трамп целосно ја сврте играта со поткастите - Ќе се исплати ли против Камала?

Трамп целосно ја сврте играта со поткастите - Ќе се исплати ли против Камала?

ЕВЕ ШТО ВСУШНОСТ СЕ СЛУЧИ СО НАСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД: И професорот Гаревски со теорија

ЕВЕ ШТО ВСУШНОСТ СЕ СЛУЧИ СО НАСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД: И професорот Гаревски со теорија