18 Мај, 2024
0.0269

ЌЕ ВОЗИМЕ ЛИ ГОДИНАВА ПО ПРВИТЕ КИЛОМЕТРИ ОД КИЧЕВО-ОХРИД - за најскапиот автопат власта не отстапува од ветениот рок

Објавено во: Економија 14 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Годинава може да возиме по првите 20-тина километри, а целиот автопат Кичево-Охрид треба да биде пуштен во употреба како што беше и финалниот ветен рок, односно јуни идната година. 

Ова на барање на Фактор го тврдат од Јавнотпо претпријатие за државни патишта.

„И покрај последните состојби предизвикани од КОВИД-19 кои донесоа промена на глобално ниво, до овој момент нема измени за предвидениот термин за изградба“, велат од ЈПДП.

Во моментов, нагласуваат, се работи на ископ за изработка на мостови, ископ на патот и косините, пропусти, надпатници, подпатници, тунел, клучки, изработка на насип и друго. Исто така, се работи на тампонирање и асфалтирање на патот. Работите, според ЈПДП, се одвиваат со задоволителен капацитет, имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот.

Колку стравот од коронавирусот и почитувањето на мерките за заштита ја забави изградбата и дали доколку не беа тие изградбата можеше да биде побрза.

Од Државни патишта нагласуваат дека изградбата на сите тековни инфраструктурни проекти за патишта продолжува и активностите на терен се изведуваат според динамичките планови за работа, при што изведувачите, надзорните инженери и инвеститорот ги следат и се однесуваат според препораките од надлежните институции. 

Сепак, поради работењето на администрацијата со намален капацитет, има и одредени забавувања.

„Работата на инфрастуктурните проекти не е запрена, се одвива во услови на прогласена вонредна состојба и во услови кога администрацијата работи со намален капацитет заради што може да се јават одредени забавувања во дел од административните процедури, но нема застој на работата на терен“, велат од ЈПДП.

Парите од новиот кредит од кинеската ЕКСИМ банка во износ од 179 милиони долари кои ги зеде власта, се нса располагање, но ќе се трошат дури откако ќе се искористат средствата од претходно земениот заем. 

„Договорот за дополнителен заем за изградба на автопат на делницата Кичево-Охрид во износ од 179 милиони долари со ЕКСИМ банка е потпишан во декември 2019 година. Овие средства ќе се користат откако во целост ќе биде искористен тековниот заем, па ќе се помине на трошење на средствата од новиот дополнителен заем заради полесно управување со средствата“, објаснуваат од ова јавно претпријатие со кое раководи Зоран Китанов.

Во интервју што пред неколку месеци го даде за Фактор, министерот зса транспорт и врски рече дека, според неговите очекувања, годинава би можел да се направи обид барем некои 15 до 20 километри од автопатот, односно делот од Охрид до Врбјани, се разбира оние што ќе бидат готови, да бидат пуштени во употреба. 

Дали со новиот развој на настаните поради коронакризата, има шанси тоа да се случи оваа година, и од ЈПДП се оптимисти.

„Би требало согласно со динамиката на завршување на работите парцијално да се пуштаат во сообраќај делниците кои ќе бидат завршени и целосно спремни за нормално одвивање на сообраќајот“, велат од ЈПДП.

До овој момент, од Годишната програма за патишта за 2020 на ЈПДП се реализирани 24 проценти, објаснуваат од ова јавно претпријатие.

Изградбата на овој автопат стартуваше во февруари 2014 година, а согласно договорот склучен од претходната Влада, требаше да чини 411 милиони евра. Но, со новиот дополнителен заем, тој ќе ја достигне вредноста од најмалку 600 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа