Ќе се поттикнува домашното производство на добиточна храна
Објавено во: Агробизнис 13 Мај, 2013
Земјиште исклучиво за производство на добиточна храна ќе може да добијат фармерите и земјоделските стопанства ако поминат законските измени кои денеска беа разгледувани во Собранието.
Како што информираше заменик министер Зоран Коњановски за време на образложувањето на понудените решенија, целта е да се поттикне домашното производство на добиточна храна што значително ќе ја намали цената и ќе гарантира квалитет. Тоа, рече Коњановски, ќе резултира со порентабилно работење на сточарите
Согласно предлог измените на Законот за земјоделско земјиште, право на користење обработливи површини ќе имаат и научните институции, земјоделските факултети и училишта за истражувачка дејност.