Ќе се отворат два гранични премини кон Грција
Објавено во: Македонија, Балкан 04 Јули, 2019
Маркова Нога и Мајден, ќе бидат двата нови гранични премини со Грција.
Дел од одлуките од 142-та владина седница се предлог – законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција.
Спогодбата е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор.
Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.