ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка
Објавено во: Македонија 23 Април, 2024
Проблематичниот ученик од „Димо Хаџи Димов“ кој вчера истепа наставничка и нападна соученици ќе биде префрлен во друго училиште. Ова ќе се направи по првиот круг од претседателските избори.
Тим на Центарот за социјални работи, поради асоцијалното однесување побарал негова хоспитализација и надзор од лекар. Родителите од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се организираат да потпишат петиција. Во Македонија често има поплаки за врсничко насилство во училиштата.