КИНЕЗИ, РУСИ, ТУРЦИ, ИНДИЈЦИ: Колку странци работат во Србија?
Објавено во: Балкан 11 Март, 2024
Расте бројот на странски работници кај северниот сосед. Во Србија лани биле вработени над 52.000 странци.
Toa е зголемување од скоро 70 отсто во однос на претходната година. Само во Белград има 30.000 странски работници.
Од вкупниот број дојденци, најголем број се работници од Кина, 10.000. Втори по големина се руските државјани – 8.000, потоа 5.500 работници од Турција, 3.000 од Индија, потоа Куба, Непал, Бангладеш и на крајот соседните земји, пишува РТС.
„Во нашата култура, секако има луѓе кои се внатре во Мајкрософт од различни страни, но што се однесува до развој на софтвер од Белград, веќе пет-шест години имаме стратегија за регрутирање, не само од Србија, туку и од целиот регион на Западен Балкан“, изјави Милан Госпиќ, директор на Мајкрософт Србија.
Министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ, за време на нејзиниот мандат како министер за труд, почна да подготвува закон за вработување странци и потпиша неколку меѓудржавни договори. Таа изјави дека овие работници се покажале добри и брзо се интегрирале.Преку иницијативата „Отворен Балкан“, Македонците и Албанците можат да работат во Србија. Се олеснува пристапот на пазарот на труд во трите земји.
foto freepik.com