КИМ ПОВТОРНО ГО КРЕНА СВЕТОТ НА НОЗЕ: Какви закани сега му упати на Трамп?
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Северна Кореја соопштила дека морала да ги откаже разговорите на највисоко ниво со Јужна Кореја, бидејќи се одржани воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, а се заканиле и дека поради тие вежби ќе го откажат самитот со САД.
Двете Кореи денеска требаше да одржат состанок во демилитаризираната зона, како би се намалиле тензиите и почнале разговорите за обединување на семејствата кои се разделени по Корејската војска.
Агенциите Johnap и KCNA првично јавија дека денешниот состанок е откажан, а Пјонгјанг подоцна го доведе во прашање и дали ќе може да се одржи по планот самитот на САД и Северна Кореја, на кој би требало да се состанат американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, кој е закажан за 12 јуни во Сингапур.
Агенциите исто така јавија дека во петок почнале двенеделните воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја.
Стејт департментот соопшти дека нема никакви информации за тоа дека Пјонгјанг сака да го откаже самитот на кој би требало да се состанат лидерите на двете земји Трап и Ким.