03 Мај, 2024
0.0252

КБ пакети за ред во твоите лични финансии и за полесен ден

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Секој ден е нов предизвик кога станува збор за личните финансии. На сите нас ни се многу важни правилното управување со личните финансии, разните плаќања, планирањето на иднината и следењето на дигиталните новитети во банкарскиот свет.

И сето тоа може да биде многу едноставно средено кога доаѓа во еден пакет и со пониска цена од редовните цени на банкарските производи и услуги. Банкарските пакети се атрактивно финансиско решение затоа што воведуваат ред во светот на личните финансии и ти го олеснуваат денот така што се чувствуваш безгрижно и одговорно. 

Твоите банкарски потреби, финансиски цели и секојдневни желби лесно може да ги оствариш со КБ пакетите, кои ти нудат сѐ што им треба на твоите лични финансии и тоа по пониски цени од редовните.

Со КБ пакетите добиваш:

- Бројни банкарски услуги вклучени во еден пакет

- Фиксна месечна тарифа

- Помал месечен трошок за повеќе банкарски услуги

Може да избереш КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус, кој го користиш секој ден, а го плаќаш еднаш месечно.

КБ Стандард ти ги нуди најважните банкарски услуги за секој ден: платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка. Целиот пакет ќе те чини само 70 денари месечно.

КБ Плус е навистина паметен избор кога сакаш плус поволности. Со него добиваш платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, три бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Комерцијална банка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, бесплатна обнова на дебитната картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати, можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка и три бесплатни проверки во месецот на состојба преку банкомат на Банката. Овој пакет ќе те чини 120 денари месечно.

КБ Бонус ти овозможува остварување на твоите желби со бонус придобивки. Покрај редовните услуги, како што се платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка,  бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Google Pay и Garmin Pay, отворање траен налог без надомест, можност за дозволено пречекорување во висина на две плати и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка, со КБ Бонус добиваш уште повеќе - неограничен број проверки на состојба преку банкомат на Комерцијална банка, пет бесплатни електронски налози кон правни лица со сметки во Банката, бесплатна обнова на дебитната картичка и бесплатна промена на ПИН. Сите овие поволности ќе те чинат 190 денари месечно.

Секој КБ пакет може да го активираш со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, можеш да ја отвориш онлајн на лесен и брз начин со електронска идентификација преку OneID, а пакетот може да го активираш при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.

Изборот на твојот КБ пакет нека биде твојот убав предизвик кој ќе ти отвори целосно нова перспектива на твоите лични финансии.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година