02 Мај, 2024
0.0264

Каратистите на „Макпетрол“ најуспешни на државниот плејоф-турнир за сениори

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Со освоени вкупно 11 медали, од кои пет златни, четири сребрени и две бронзени, карате клубот „Макпетрол“ е прворангиран на државниот плејоф-турнир за сениори. Скопскиот тим е најуспешенна ова натпреварување на кое учествуваа 33 екипи од Македонија. На овој собир право на учество имаа само освојувачите на одличја на државното првенство за сениори што се одржа минатата недела.

Турнирот имаше изборен карактер за влез во македонската сениорска репрезентација. Натпреварувањето се одвиваше по бергер-систем. Сите освојувачи на медали во тежинските категории од државното првенство имаа борби секој со секого.

- Државното првенство и плејоф-турнирот се најстресните два натпревари за сите спортисти, тренери и клубови. За нас најважно е што ги потврдивме и задржавме првите места што ги остваривме на државното сениорско првенство минатата недела. Задоволни сме од постигнатото во овој изборен циклус. Како најдобар спортски колектив повторно докажавме дека сме најуспешни, но и дека имаме ресурси и за поголеми резултати. Сите наши спортисти имаа професионален пристап и покажаа и постигнаа добри резултати - истакна тренерот на „Макпетрол“.

Претстојното Европско сениорско првенство во карате ќе се одржи во Задар, Хрватска, во втората недела од мај. Репрезентативен статус обезбедија првопласираните пет спортисти на „Макпетрол“: Симона Заборска (-55 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.),  Петар Заборски (-75 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.) и Данило Божовиќ (+84 кг.)

Второпласирани, пак, од „Макпетрол“ беа следните каратисти: Давид Петков (-67кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.). На третата позиција се пласираа: Јована Мицовска (-61кг.) и Димитар Лозановски (-67 кг.)

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година