19 Мај, 2024
0.0278

КАКВИ МОНСТРУМИ - за пари му дозволиле на Белгиец да ја силува нивната 13 годишна ќерка - ХОРОРОТ ТРАЕЛ ДОЛГО, СЕ ДО ВЧЕРА

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, донело Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Со преземените дејствија постои основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик.

„​Во текот на втората половина во 2021 година осомничениот белгиски државјанин, со намера да користи сексуални услуги од дете, во Белгија истражувал преку интернет и се информирал за деца до кои лесно може да пристапи. За да го оствари својот план ја избрал РС Македонија и стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со останатите двајца осомничени, родители на шест малолетни деца. Првоосомничениот во повеќе наврати доаѓал преку ГП Меѓународен Аеродром „Скопје“ каде го пречекувале двајцата осомничени и нивните малолетни деца. Со цел да се стекнат со материјална корист и да заминат за Белгија, тие се согласиле за паричен надомест, на првоосомничениот да му овозможат да користи сексуални услуги врз тринаесетгодишната ќерка, а потоа и да склучи брак со неа. За таа цел, злоупотребувајќи ја својата положба како родители на малолетната жртва, му дозволиле на првоосомничениот да престојува заедно со нив во куќата во која живеело семејството. Тој манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството. Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето. Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Денес, на предлог на јавниот обвинител Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје со Решение на  тројцата осомничени им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

За кривичните дела што им се ставаат на товар на осомничените родители запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 14 години за белгискиот државјанин.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“