18 Мај, 2024
0.0347

Какви кредитни поволности понудија банките во Македонија за време на корона кризата?

Објавено во: Економија 09 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Откако пандемијата предизвикана од Корона вирусот го стави светот во карантин, зеде замав по јавното здравје, предизвика и сериозни финансиски импликации за граѓаните и бизнисите.

Голем дел од бизнисите од угостителската и трговската индустрија беа приморани привремено да ги затворат своите објекти како дел од превентивните мерки. Како на светско ниво, така и во Македонија, многу граѓани се соочија со тешкотии од типот на намалени приливи и уште посериозната закана – кратење на работни места. На потег беа министерствата за финансии, економија, труд и социјала, да понудат решенија за граѓаните и бизнисите.

Во реалниот сектор, очекувањата беа насочени кон комерцијалните банки да понудат олеснителни услови за сите кредитни корисници. Согласно уредбата на Владата, банките изготвија модели преточени во понуди за одложување на кредитните обврски за граѓаните и бизнисите, како мерка за справување со економските последици кои ги предизвика Корона вирусот.

Голем дел од банките, покрај понудите за одложување на кредитни обврски, беа активни и со корпоративно општествено подвизи како предвремени уплати на данокот на аконтативна добивка, донации за засилување на капацитетите на Министерството за здравство итн.

Олеснителни услови за нови кредитни производи

Во сплетот на сите околности од вонредната состојба во Македонија, деновиве особено се бележи пораст на побарувачката на „свежи пари“ во домаќинствата. Потребите се различни, па така од пополнување на домашниот буџет и сервисирање редовни обврски, па до пролетни реновирања, или зголемувања на залихи, се дел од коментарите на граѓаните.

Една од домашните топ 5 банки, Охридска банка АД Скопје, која минатата година се приклучи на Штаермеркиште Шпаркасе групацијата, неодамна објави олеснителни услови за сите нови кредитни апликации за кеш кредити, станбени кредити и хипотекарни кредити.  

Примамливи понуди за станбени кредити со фикасна камата до 10 години, без нотарски, административни и трошоци за процена

Во Охридска банка, во моментов кеш кредитот се нуди по доста атрактивна пазарна камата од 5% за првите две години од отплатата на кредитот, а апликациите се без административни трошоци.

Станбениот кредит што го нуди Банката во моментот се нуди под услови наметнати од вонредната состојба, односно стабилна камата од 3,40% за првите десет години од отплата на кредитот што дава сигурност на потрошувачите кои во овие времиња ќе се одлучат да инвестираат во недвижнина. Дополнително, станбениот кредит е достапен без нотарски трошоци, трошоци за процена и административни трошоци.

За граѓаните кои сакаат „да спакуваат повеќе месечни обврски“ во една рата, Охридска банка нуди кеш хипотекарен кредит без административен трошок по каматна стапка од 4,50% за првите три години од отплатата на кредитот.

Банките засилено ги дигитализираат услугите

Освен олеснителните услови, сведоци бевме на зголемени редици пред банките заради исплата на пензиите со што се создадоа небезбедни услови за посети на експозитури за вршење на банкарски услуги.

Дел од банките ги укинаа провизиите на своето електронско банкарство заради овие сцени.

Охридска банка понуди неколку решенија за граѓаните кои ги посетуваат нивните експозитури за да се намалат редиците, а сите клиенти да бидат навремено услужени. Банката до 31 мај, 2020 година, ги укина провизиите за денарски трансакции извршени преку апликацијата за мобилно банкарство, Моја Банка,  на Охридска банка и преку платформата за електронско банкарство, каде што клиентите можат да плаќаат сметки, да вршат увид во состојбата на своите банкарски производи и сл.  

За пензионерите, Банката неодамна одобри извадање на бесплатни дебитни картички, без трошок одржување на картичките за првата година, за да се зголеми употребата на банкомати, а да се намалат редиците на благајните.

Дополнително, како дел од приклучувањето на Штаермеркише Шпаркасе групацијата, клиентите на Банката можат да ги користат сите банкомати на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија каде што можат да повлекуваат средства од дебитни картички без провизија. 


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа