02 Мај, 2024
0.0289

Како Струга нема друга! Кои се бизнис хероите во градот на поезијата?

Објавено во: Економија, Анализа 22 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Струга е пример за тоа колку се важни локалните претприемачи за одржлив локален економски раст и развој. Од вкупно 10, дури девет најголеми компании се успешни локални, а во голема мерка и семејни бизниси кои ја градат и развиваат домашната односно локалната економија. Струга можеби нема компанија која е класична економска локомотива, но има неколку фирми од различни економски дејности меѓу кои има лесна индустрија, градежници, неизбежна трговија на мало и големо и сите тие заедно се надолнуваат и ја градат економската перспектива на градот на поезијата

Струга плени со нејзиниот Дрим, старото градско јадро. Македонскиот град на поезијата се гордее со тоа што е родното место на големите македонски преродбеници Димитрија и Констанин Миладинови. Особено за помладиот брат Константин, чија антологиска песна „Тга за југ“ е неуништлив обелиск на културната засебност и самосвест на Македонецот.

Струга е и мешана средина во која соживотот и меѓусебната почит се градат и негуваат, и покрај обидите за провокации и сегрегација...

Навистина е за почит тоа што Струга има свои локални херои претприемачи Македонци, Албанци, Власи, Турци, кои неуморно работат на тоа нивната општина да биде пристојно место за живеење. Локалните бизнисмени на Струга се веројатно единствените во Македонија кои не се рамо до рамо туку се лидери во домашната економија, далеку напред пред гринфилд инвестициите кои вообичаено важат за економски локомотиви во помалите македонски градски средини.

Кои се економските херои на Струга во 2022 година?

Набизи за 2022 година е најголемата компанија во Општина Струга со реализација (приход) од 24,4 милиони евра. Станува збор за семејна приватна иницијатива која своите почетоци ги има во поранешниот систем, во далечната 1984 година и тоа како семејна слаткарница. Низ годините бизнисот растел, домаќинското работење и квалитетот носеле акумулација на средства кои мудро се вложувале и тоа најпрвин во трговија. Оваа компанија сега е синоним за голем трговски систем со сопствени трговски центри во Струга, но и во Кичево. Компанијата има трговски комплекс во кој продава над 35.000 артикли на 4.500 квардатни метри изложбен простор. Ова друштво во 2008 година основа и градежна компанија К.Н. Ингинеринг која исто така е во најголемите компании во Струга која пред повеќе од десет години го гради трговскиот комплекс во кој има и станови за колективно домување.

МКБ Миса е компанија која оперира со локални супермаркети и е основана во далечната 1995 година, од двајца браќа стружани Андон и Васил Миса. Компанијата работи успешно долг низ на години, а лани успеала да оствари приход од 18,2 милиони евра и е пример за успешна, развиена локално поседувана компанија од областа на трговијата на големо и мало која вработува 168 лица.

Илинден е најголемата градежна гордост на стружани и најдолговечна компанија на оваа листа најголеми. Тоа е средно голема градежна компанија која пред се работи нсикоградба, но е доста успешна и во градба на станбени единици и друга инфраструктура. ГД Илинден е најуспешна струшка компанија лани со остварен профит од 2,7 милиони евра.

ОДВ Електрик е македонска филијала на германскиот производител на електронски компоненти наменети на глобалната автомобилска индустрија. Тој е најголем вработувач во Општина Струга. Но на листата на компании според големината на приходот лани е дури на петтото место со реализација од 11,3 милиони евра.

Гега е компанија која управува со трговија на мало односно супермаркети. Лани вработувала 27 лица, а основана е во 1998 година.

Бесјани е фирма е регистрирана во секторот трговија на големо и мало со метална стока, бои и стакло. Основана е пред дваесет години, а лани имала приход од 15 милиони евра и вработувала 20 лица.

Миском е успешна компанија специјализирана за производство на картонажа основана пред повеќе од 30 години во далечната 1992 година. Произведува амбалажа за винска, прехранбена, текстилна, фармацевтска, тутунска, автомобилска, хемиска и други индустрии. Околу 40 отсто од производството го пласира во извоз. Лани имала 49 вработени и успеала да реализира приходи од безмалку 8 милиони евра.

Инг-Лули е локална семејна фирма основана како трговско друштво во 1994 година која се издигнала во реномиран и акредитиран производител на лепила за градежништво, фугирни, самоизрамнувачки и хидроизолациски маси кои се користат во современото градежништво, малтери, лепила за изолациски фазади , декоративни малтери и панели од полистирен, бои за градежништво и силиконски лепаци.

Трим и Лум е градежна компанија чија основна дејност е изградба на објекти за колективно домување. Основана е во 2006 година. Има 30 вработени, а позната е во македонската јавност по тоа што е генерален спонзор на фудбалски клуб „Струга Трим Лум“ – актуелен првак на Македонија. 

К.Н. Ингинеринг е градежна компанија основана од „Набизи“ во 2008 година и таа е на листата најголеми струшки компании со промет од 4,8 милиони евра лани. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија