Како Бујар Османи одлучи да не оди на конференцијата во БиХ поради Косово?
Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2018 08:15
Се чини дека на политичката сцена почнува да владее безредие. Бурни реакции поттикна тоа што вицепремиерот за европски прашања, важен претставник на Република Македонија, Бујар Османи го откажа гостувањето на конференцијата во БиХ посветена на земјите од Западен Балкан, а како причина го наведува тоа што не биле повикани претставници од Косово.
Кој одлучува за ова присуство и чиј е „ суверенитетот “ кога се работи за вакви важни прашања?
Османи ја потврди информацијата и се изјасни дека се работи за принцип. На тоа следуваше и одговор од Владата на РМ.
„Вицепремиерот Бујар Османи има донесено сопствена процена да не учествува на конференцијата посветена на Западен Балкан. За ова прашање не е разговарано на ниво на Влада на РМ и се работи за проценка на вицепремиерот“, велат од Владата на Република Македонија.
Како ќе влијае оваа проценка на Османи, кој претходно се консултирал со министерот за надворешни работи на Албанија и заеднички одлучиле да ја бојкотираат конференцијата со своето неприсуство, останува да видиме.
Инаку, Косово не е признаено од БиХ.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




